Хит на пролетта: Макси фустани со долги ракави
Секој фустан има посебно место, не само во гардероберот, туку и во срцето на една жена. Сепак, оваа пролет, еден посебен фустан ќе ужива најмногу љубов и внимание.
Во прашање е женствениот макси фустан со долги ракави, кој со сигурност нема да ве остави рамнодушни.
Најавен како „хит на пролетта“ од модните експерти, макси фустанот со долги ракави е парчето облека кое задолжително мора да се најде во гардеробата на секоја модерна девојка за претстојната сезона.
Популарниот модел на фустан е шик, атрактивен и префинет, може да се носи во секакви прилики, а одлично им прилега на повеќето дами.
Лелеав или малку потесен, еднобоен или со цветен принт – изборот на крој и дезен е препуштен на вашите желби и вкус. Нема да погрешите во ниту еден случај. Важно е да е макси и да е со долги ракави!
Ви претставуваме неколку модни предлози поради кои ќе посакате уште веднаш да го облечете на себе и „покорите“ градските улици:
М. А. | Црнобело