Boggi Milano пролет-лето 2017: Реинтерпретација на новите генерации
Кампањата на Boggi Milano за оваа сезона се фокусира на генерациите и наследството кое го оставаат зад себе. Стилот од минатото го задоволува концептот на елеганцијата и истиот се обновува и реинтерпретира според потребите на новите генерации. Користењето на современи материјали е прикажано преку екслузивни и модернизирани комбинации. Новата Boggi колекција претставува линија од уникатни и безвременски парчиња во кои секој маж може да се пронајде себеси.
THAT’S GREY
Не се сомневајте дека сте го направиле вистинскиот избор кога ќе се одлучите да носите сиви нијанси. Парчиња кои совршено одговараат на силуетата на градот. Уредувањето на просторот и балансот што треба да се воспостави во архитектурата на градот, служат како инспирација во оваа линија, пресликани преку текстурата и материјалите кои се користат. Геометриски шари и основни линии за беспрекорен изглед. Формалното одело е совршено скроено со користењето на врвни материјали со пескарен ефект. Карираниот принт со причистена шара, во светло сини нијанси е дизајнирана со ексклузивен Boggi Milano текстил.
Во темата „Upper classic“ доминираат боите и материјалите. Користењето на мохер ткаенина овозможува терморегулација и пред сé дава свежина и ведрина, што го прави парчето да изгледа уште поаристократски. Неструкираното палто на две копчиња е инспирирано од англиските модели на 19-тиот век. Многу смела линија во која ќе се препознае секој современ маж.
Во градскиот метеж, опкружени со илјадници рингтонови, гласови и видео-бимови, се стремиме да го одбегнеме униформираниот изглед. Фундаментален дел од облеката за летната сезона е синиот блејзер- класично и модерно парче, кое воедно е удобно и лесно, а се комбинира со различни модни додатоци. Стилски и разновиден, идеален за долги и динамични денови.
DUSTY BLUE
Сината боја стана доминатна нијанса и често се поврзува со елеганцијата. Сина – синоним за летото, боја која ве маѓепсува и асоцира на овој период. Тренд во последните неколку сезони се спортските палта – стилски, удобни и лесни за носење.
DEEP INTO THE BLUE
Кошули од лен со принт во комбинација со сини шорцови и палта. Инспирација за оваа линија се морето и боите на медитеранските и северно-африканските острови. Свежина, оригиналност и микс на различни тонови. Колекција која е идеална за крстарење и вечери поминати покрај плажа.
BLACK FIT
Правилата во кодексот на облекување на работа се следат во однос на елеганцијата, но под услов да не се претопувате со останатите, туку да бидете забележани штом зачекорите од вратата. Колекцијата на Boggi го овозможува тоа – освежен класичен дизајн, слим фит крој кој ја истакнува силуетата и карактерот. Линија совршена за современи млади и повозрасни мажи со харизматичен стил. Иновација и екслузивност споени во едно. Клучот на одличен дизајн е да се спои желбата на клиентот со врвен квалитет и детали кои се неопходни за да ја пренесат суштината.
Повеќенаменско одело
Потребен е само еден елемент за да бидете елегантни, друг за да бидете авторитативни, трет за да добиете префинет изглед и уште еден со кој ќе се издвојувате. Во зависност од настанот, променете го изгледот само со менување на деталите. Одело создадено за секаква пригода, кое благодарение на модните додатоци станува свечено и елегантно за церемонијални настани, но со изоставување на елекот совршено ќе одговара за бизнис состаноци. Со додавање на вратоврска ќе изгледате идеално за формални вечери, а без неа, погоден за неформални средби.
Церемонијални и специјални евенти
Формална гардероба има свои правила, но вистинската елеганција доаѓа во совршеното балансирање на природноста, карактерноста и едноставноста. Стилот, материјалите, кројот, па дури и копчињата се оставени во рацете на Boggi мајсторите во кроењето. Линија исполнета со нови и софистицирани нијанси на сино, одела составени од 3 парчиња за поелегантен изглед, но во нежни и светли тонови. Ексклузивни детали и уникатни додатоци кои ќе го истакнат карактерот на вашето одело.
ADVANCED TRAVEL
Кога патуваме, сакаме да изгледаме беспрекорно и откога ќе се симнеме од авионот. Boggi Milano ви нуди палто кое нема да „настрада“ од авионското заостанување и кое ќе остане без ниту еден набор, благодарение на специјаланата технологијата. Ткаенина која се растегнува, без синтетични влакна и која гарантира високи перформанси и стандарди на удобност. Оние кои патуваат, не мора повеќе да се грижат за наборите, бидејќи оделата се отпорни на секое движење и ќе останат беспрекорни до крајот на патувањето. Облека која е разновидна и која „дише“.
CLASSICS RELOADED
Уникатни и оригинални со „винтиџ“ изглед. Лежерна облека која е пријатна и мека на допир, креирана со суптилна класична букле шара и геометриски линии. Материјалот на палтото дава рафинирана привлечност и класична елеганција, а притоа останува современ и модерен.