Зимски модни комбинации кои моделите ги обожаваат

Кога не знаеме што да облечеме, инспирацијата ја бараме од нив, моделите и некои од најубавите жени на светот кои со своите улични комбинации секогаш нè воодушевуваат.

8-zimski-modni-kombinacii-koi-modelite-gi-obozavaat-01.jpg

Кога не знаеме што да облечеме, инспирацијата ја бараме од нив, моделите и некои од најубавите жени на светот кои со своите улични комбинации секогаш нè воодушевуваат.

Еве што можеме да пробаме оваа зима:

Долги чизми

Чизмите станаа тренд кој не се остава дома. Покрај кожни панталони и капут, Алесандра Амросио ни покажа одлична комбинација за преку ден, па и за вечерните прилики.

8-zimski-modni-kombinacii-koi-modelite-gi-obozavaat-1.jpg

Едноставност

Тоа е модното оружје кое ни го препорачува Карли Клос која решила црниот изглед да го комбинира со карирана јакна.

8-zimski-modni-kombinacii-koi-modelite-gi-obozavaat-2.jpg

„Military“ капут

Криси Тајген ни покажува како можеме да изгледаме елегантно со темни нијанси и „Military“ капут.

8-zimski-modni-kombinacii-koi-modelite-gi-obozavaat-3.jpg

Спој на различни стилови

Џиџи Хадид е кралица на секојдневните комбинации која успева да ги склопи и оние навидум неспоиви работи.

8-zimski-modni-kombinacii-koi-modelite-gi-obozavaat-4.jpg

Според неа бундата секогаш може добро да се комбинира со обичен џинс и високи потпетици.

8-zimski-modni-kombinacii-koi-modelite-gi-obozavaat-5.jpg

Црни нијанси

И Жизел Бундшен ни покажува дека едноставноста секогаш е моден погодок.

8-zimski-modni-kombinacii-koi-modelite-gi-obozavaat-6.jpg

Монохроматски бои

Зимата е резервирана за монохроматските бои како што покажува и Карли Клос која е облечена во едноставна бела комбинација и темни патики кои ја разбиваат монотонијата.

8-zimski-modni-kombinacii-koi-modelite-gi-obozavaat-7.jpg

Боја на камила

И Кендал Џенер е кралица на едноставните комбинации која ни покажува како да го носиме капутот со боја на камила оваа сезона.

8-zimski-modni-kombinacii-koi-modelite-gi-obozavaat-8.jpg

Разни материјали

Како за крај, последната комбинација повторно ја носи Џиџи Хадид која ни покажува дека доволно е да одберете само една боја и разни материјали за да изгледате шик. 

8-zimski-modni-kombinacii-koi-modelite-gi-obozavaat-9.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 есенски комбинации на бои со кои нема да погрешите Сте помислиле ли да комбинирате бургунди со црно или тегет со жолто? Оваа есен е...
Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
Бои на облека кои најмногу одговараат на бринети: 5 победнички опции Бои кои ќе ја истакнат вашата природна убавина и боја на коса, а со кои ќе изгле...
Предлог модни комбинации со бордо црвена – омилена боја за оваа зима (фото) Капут, здолниште или сам мал детаљ во бордо нијанса – Неколку предлози како да ј...
Бисерите се накит на годината во 2024 – Кои Македонки го следат светскиот тренд? Дани Ѓуровска, Елена Најдоски, Бојана Скендеровска... Ова се некои од Македонкит...
Ромео Бекам и Миа Реган се моќна стилска двојка (по стапките на Дејвид и Викторија) Наследниците на Дејвид Бекам се трудат да ги следат чекорите на нивните родители...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg