Јакната која ќе биде хит во 2017-та
Секоја сезона се појавува едно парче облека кое некако успева да го освои целиот свет.
Судејќи според последните фотографии на холивудските убавици, оваа зима, една топла, удобна и навистина модерна јакна е парчето кое ги освојува сите оние кои ги следат модните трендови.
Имајќи го предвид фактот дека оваа јакна одговара за секоја прилика, не е ни чудо што познатите тренд сетерки ја избираат како задолжително парче кое мора да го поседувате.
Кожната надворешност овозможува задржување на топлината, а крзнените детали на внатрешниот дел ја прават шик и модерна.
Следниве фотки нека ви послужат како инспирација за тоа како можете да ја комбинирате.
М. С. | Црнобело