3 бои на облека кои секогаш изгледаат скапо
Секоја жена знае дека бојата на облеката е исто толку важна како и самиот модел.
За жал, постојат само 3 бои со чија помош облеката секогаш ќе изгледа поскапа отколку што реално е.
Вреди да ги запомните, за следниот шопинг:
Бела
Чисто белата може да ја носите од глава до пет или да додадете контрастни аксесоари. Добро се комбинира со нежни и неутрални бои, а ако немате толку храброст, доволно е да одберете само бело палто.
Црвена
Кога на себе ќе облечете црвена боја, кожата автоматски ви сјае. Заборавете на комбинацијата црно-црвено бидејќи е претерано драматична. Заменете ја црната со нежно кремасти тонови.
Кралски сина
Најелегантната боја која некогаш постоела. Добро се комбинира со двете претходни, може да ја носите на секој материјал и модел. Најдобро се комбинира со топли бои или со контрастните црна и бела.
М. Д. | Црнобело