Тренд за есен: Здолниште + Џемпер
Разголените нозе и топлиот џемпер се комбинацијата во која ќе се вљубите оваа есен.
Доволно топла за студените утра и ноќи, а сепак доволно модерно - идеално за девојките кои сакаат да балансираат меѓу удобното и трендовите.
Како и во секоја модна игра, така и во оваа постојат неколку правила.
Ако сакате да носите мини здолниште, секогаш одберете широк и голем џемпер. За нешто поелегантно издание, комбинирајте го со тесно здолниште со висок струк
Ролките се секогаш дозволени, но сепак потесните модели треба да ги избегнувате, бидејќи ако ги истакнувате нозете, нема потреба од истакнување на остатокот од силуетата.
Хулахопките се задолжителни ако носите ниски чизми, а со високите, дозволени се и голи нозе.
За крај, имајте предвид дека сè зависи од пригодата.
Според неа, одберете си еден изглед кој најлесно може да го ископирате:
М. Д. | Црнобело