9 насоки како да постигнете природен изглед со шминка
Дали да ставам сенка за очи? Кој кармин да го ставам: црвен или можеби нешто поприродно?
Силната шминка не е соодветна за на работа, но дали е доволно само маскара?
Ова се прашањата за кои жената најчесто се двоуми и секојдневно ја измачуваат.
Но, отсега понатаму не мора да се грижите за тоа.
Погледнете како најдобро да ја употребувате шминката за да имате природен изглед, а притоа да изгледате совршено.
Совршен тен на кожата
За да ја изедначите бојата на кожата и да го прикриете црвенилото, користете основа, пудра и коректор. Но, не заборавајте едно правило: немојте да ставате потемна пудра за да изгледате исончано.
Исто така, бирајте коректор кој е само една нијанса посветол од пудрата.
Дебели веѓи
Дефинирајте ги вашите веѓи, така што ќе ги пополните со помош на сенка за очи, молив за очи или стара маскара. Не заборавајте дека бојата на вашите веѓи треба да ја рефлектира бојата на вашата коса.
Односно, русокосите би требало да имаат светло кафени веѓи, додека пак бринетите може да се одлучат за потемни нијанси.
Истакнете ги очите
Потенцирајте ги очите со светло кафеаво моливче, или нанесете кафеава сенка во линија до трепките. Потоа, со четкичка поминете врз линијата и разнесете насекаде за поприроден изглед.
Нежно руменило
Руменилото со бебешко розова боја дава многу поприроден изглед од темните нијанси или бронзерите. Но запаметете, руменилото се нанесува на местата кои се истакнуваат кога ќе се насмеете.
Светло обоени усни
Дури и кога сакате да изгледате природно, не заборавајте на усните. Одберете светли нијанси на кармин или сјај за усни и нанесете го со прсти за да добиете уште поприроден изглед.
Природна шминка за бринети
Девојките со темна коса може да нанесат тенка линија со темно моливче за очи, за да добијат поприроден изглед кој ќе ги истакне очите. Кармин со боја на цреша во посветла нијанса ќе изгледа совршено на усните на овие девојки.
Природна шминка за русокоси
Девојките со светла коса би требало да користат нежни нијанси на шминка, како бебешко розова или боја на праска. За усните, одберете сјаен розов кармин.
Природна шминка за црвенокоси
Црвенокосите треба да ги избегнуваат светло сините и виолетови нијасни, а да им дадат повеќе значење на златните и пастелните нијанси. За целосно природен изглед, користете топли тонови на кармини и руменило со иста нијанса.
Совршен ефект на „голо“ лице
Златното правило за шминката е дека акцентот треба да биде или на очите или на устата. Но, со природната шминка и „голиот“ изглед, можете да ги истакнете очите и усните истовремено и повторно да изгледате прекрасно.
М. М. | Црнобело