Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Козметички митови и ритуали

kozmeticki-mitovi-i-rituali-povekjeНајдрагото руменило, маскарата која ја обожавате, разна палета на сенки, цел ритуал на шминкање – девојките едноставно сакаат шминка. Но, колку...

 

...сме запознаени со целиот процес на шминкање и што правиме точно, а каде грешиме?

kozmeticki-mitovi-i-rituali

1. Ако четкичката од маскарата ја внесувате и изнесувате повеќе пати од шишенцето – полесно ќе ја нанесете на трепките. Голем мит.

Единствено што ќе постигнете е тоа што ќе внесете дополнително воздух во маскарата заради што таа побрзо ќе се исуши.

2. Нема ништо лошо во делење на козметиката со пријателките. Колку и да ви е примамливо да ги испробувате шминките на пријателките, подобро е да се воздржите од ова. Така може наједноставно да си ги пренесете бактериите и да предизвикате инфекција или алергија.

3. Најдобро место за нанесување парфем е онаму каде се чувствува пулсот. На тој начин вашиот парфем ќе трае подолго, затоа што мирисите делуваат под влијание на топлината.

4. Ускладете ја бојата на сенката со бојата на очите - на тој начин бојата на очите ќе дојде повеќе до израз. Всушност, во многу случаи, контрастот дава повеќе резултати.

За зелени очи одличен избор се виолетова, темно кафена и светло златна сенка. Сините се вклопуваат со потемни тонови и чоколадни нијанси. Кафените очи доаѓаат до израз со нежни розови тонови, кремаста и бронзена нијанса.

5. Константно носење на темен лак за нокти остава жолти флеки на ноктите. За жал – ова е вистина.  Како заштита пред да го нанесете темниот лак, ставете слој на проѕирен лак за нокти кои ќе ги заштити.

6. Шминката има рок на траење. Како и било кои други препарати и шминката има свој рок на траење. Но, често знаеме да го занемариме и да продолжиме да ја користиме и по истекувањето на рокот.

Тоа може да предизвика алергиски реакции и иритација на кожата. Маскарата и тушот за очи траат 3 месеци. Сенките и течната козметика се користат околу 6 месеци. Пудрата, моливче за очи, сјај за усни и руменило траат и до 2 години.

Би можело да ве интересира:

Мажите во храбри и специфични стајлинзи на црниот тепих на последната вечер од Shtip Fashion Days 20... Панталони со дезен на крокодилска кожа, фантомки преку лицето, бермуди комбинира...
Македонци со впечатлив стил: Голманот Столе Димитриевски е спортска модна икона (фото) На терен е секогаш во дрес, кога е во Македонија на собир со фудбалската репрезе...
Модни предлози за хит комбинацијата за оваа зима – високи чизми и миди здолниште (фото) Комбинацијата од високи чизми и миди здолниште е одличен спој на елеганција и уд...
Хеланки и уште 7 модни парчиња кои мајките со стил не треба да ги носат во училиштето на децата Облека со длабоко деколте, проѕирни и разголени делови на телото, тренерки и шти...
9 идеи за педикир што ќе бидат хит за лето 2024 Црвените нокти се сметаат за застарени, а вистински хит се животинските принтови...
Летни модни трикови со кои ќе изгледате совршено, без разлика каков тип тело имате Не избегнувајте темни бои и немојте да носите многу тесни и кратки здолништа. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg