Како да направите гардеробер во кој сите парчиња облека одговараат едни со други?

Многу облека, а пак ви се чини како да немате што да облечете? Тоа е чест проблем кој им се случува на многу жени.

kako-da-si-napravite-garderober-vo-koj-sekoe-parce-obleka-sovrsheno-se-kombinira-so-drugite-01.jpg

Сепак, постои начин како можете да се ослободите од маките кои доаѓаат со реченицата: „немам што да облечам“.

Станува збор за идејата позната како „капсула гардеробер“.

Што е „капсула гардеробер“?

Претставува колекција на парчиња кои совршено се комбинираат едни со други. Обично се состои од 12 парчиња од кои можат да се направат 12 до 18 различни комбинации.

kako-da-si-napravite-garderober-vo-koj-sekoe-parce-obleka-sovrsheno-se-kombinira-so-drugite-1.jpg

Правила:

1. Важно е секое парче облека или накит кое е дел од капсулата да се комбинира со секое друго парче.

2. Пред да оформите капсула треба да откриете кој крој најмногу ви одговара, оној кој ќе ги потенцира добрите страни, а сокрива лошите, и на него основајте ја капсулата.

3. Основно парче облека од капсулата - класично парче облека кое одговара на секоја сезона и кое можете да го носите со години. Нешто како фармерки, панталони, еднобоен џемпер, еднобоен капут, здолниште или класичен фустан.

4. Парчињата во капсулата мораат да бидат со одличен квалитет за да траат со години.

5. На основа на овие парчиња, после е многу лесно да го освежите гардероберот, без да треба да ја промените структурата на целиот гардеробер.

6. Боите во една капсула не треба да варираат во повеќе од три до четири бои, а едно до две парчиња мораат да бидат со иста боја.

8 работи + накит = 17 различни изгледи

Како пример, како да си го организирате гардероберот во форма на капсула, ќе ви претставиме неколку примери со 8 парчиња облека: капут, џемпер, дуксерка, фустан, фармерки, маичка, здолниште и кошула.

Плус, 8 различни додатоци: патики, чевли, 2 чанти, ранец, ремен, шал и очила за сонце.   

kako-da-si-napravite-garderober-vo-koj-sekoe-parce-obleka-sovrsheno-se-kombinira-so-drugite-2.jpg

kako-da-si-napravite-garderober-vo-koj-sekoe-parce-obleka-sovrsheno-se-kombinira-so-drugite-3.jpg

kako-da-si-napravite-garderober-vo-koj-sekoe-parce-obleka-sovrsheno-se-kombinira-so-drugite-4.jpg

kako-da-si-napravite-garderober-vo-koj-sekoe-parce-obleka-sovrsheno-se-kombinira-so-drugite-5.jpg

kako-da-si-napravite-garderober-vo-koj-sekoe-parce-obleka-sovrsheno-se-kombinira-so-drugite-6.jpg

kako-da-si-napravite-garderober-vo-koj-sekoe-parce-obleka-sovrsheno-se-kombinira-so-drugite-7.jpg

kako-da-si-napravite-garderober-vo-koj-sekoe-parce-obleka-sovrsheno-se-kombinira-so-drugite-8.jpg

kako-da-si-napravite-garderober-vo-koj-sekoe-parce-obleka-sovrsheno-se-kombinira-so-drugite-9.jpg

kako-da-si-napravite-garderober-vo-koj-sekoe-parce-obleka-sovrsheno-se-kombinira-so-drugite-10.jpg

kako-da-si-napravite-garderober-vo-koj-sekoe-parce-obleka-sovrsheno-se-kombinira-so-drugite-11.jpg

kako-da-si-napravite-garderober-vo-koj-sekoe-parce-obleka-sovrsheno-se-kombinira-so-drugite-12.jpg

kako-da-si-napravite-garderober-vo-koj-sekoe-parce-obleka-sovrsheno-se-kombinira-so-drugite-13.jpg

kako-da-si-napravite-garderober-vo-koj-sekoe-parce-obleka-sovrsheno-se-kombinira-so-drugite-14.jpg

kako-da-si-napravite-garderober-vo-koj-sekoe-parce-obleka-sovrsheno-se-kombinira-so-drugite-15.jpg

kako-da-si-napravite-garderober-vo-koj-sekoe-parce-obleka-sovrsheno-se-kombinira-so-drugite-16.jpg

kako-da-si-napravite-garderober-vo-koj-sekoe-parce-obleka-sovrsheno-se-kombinira-so-drugite-17.jpg

kako-da-si-napravite-garderober-vo-koj-sekoe-parce-obleka-sovrsheno-se-kombinira-so-drugite-18.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
Облека и модни додатоци кои се секогаш тренди (и треба да ги имате во гардероберот) Морнарски маички (или џемпери) и црн кожен колан – некои парчиња и модни додатоц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg