Жената која се облече во неколку броја помала облека за да докаже дека сите сме различни
Можеби мислите дека дизајнерите одвај чекаат да ги облечат холивудските актерки, но изгледа дека дури и тие се одбиени поради тоа што не ги собира во стандардната големина на примероците.
Сигурно знаете за проблемот што го имаше ѕвездата на „Ghostbusters“, Лесли Џоунс, кога не можеше да најде дизајнер да ја облече за премиера на филм, или кога Брајс Далас Хауард зачекори на „Golden Globes“ во фустан купен во продавница затоа што дизајнерите не можеле да најдат соодветно парче.
По 8-годишна работа во модната индустрија, Лиз Блек знае многу добро дека големините на примероците се стандарди за креирање облека за модни ревии и фотосесии.
Тие исто така се направени да го застапуваат посакуваниот тип на тело на слабите модели.
Тие не се направени за некој со поразлична градба на тело, а тоа е и причината зошто Лиз направила фотосесија со таа облека, којашто на неа изгледа претесно и смешно.
Со оваа фотосесија таа покажува зошто на модната индустрија и се потребни примероци за различни градби и големини на тело.
М. М. | Црнобело