10 трикови за беспрекорно одење на потпетици
6. Научете да стоите на потпетици
За да можете да одите, многу е битно да знаете да стоите на високи потпетици. Кога стоите на потпетици, најчесто целата тежина се пренесува на едното стапало. Штом ќе забележите дека тоа се изморило веднаш префрлете ја тежината на другата страна.
7. Одморете ги нозете
Не заборавајте дека одвреме-навреме мора да седнете и да ги одморите нозете, бидејќи дури и најудобните потпетици предизвикуваат болка во нозете.
8. Не претерувајте со носењето високи потпетици
Колку и да сакате да носите високи потпетици, имајте на ум дека поголемиот дел од времето треба да носите удобни обувки, бидејќи високите потпетици може да бидат дури и штетни за здравјето.
9. Изберете ги вистинските чевли
Не бидете слеп следбеник на трендовите, туку изберете го она кое ви прилега и можете да го носите. Ако цел живот сте носеле патики, многу нормално дека нема да можете ниту да застанете на потпетици од 15 cm. Токму затоа, почнете од пониски потпетици па постепено зголемувајте ја висината.
10. Изберете ја вистинската големина
Ако дури и удобните, но неправилно избрани патики ви создаваат проблеми, замислете што се случува кога носите несоодветни потпетици.
М. С. | Црнобело