10 трикови за беспрекорно одење на потпетици
Ставот „Нема ништо полошо од жена која носи високи потпетици, а не знае да се движи со нив“ ќе го поддржат како мажите, така и жените.
Сепак, не постои жена која не би сакала да облече високи потпетици и да може да се движи лесно и грациозно во нив, привлекувајќи ги погледите на сите околу неа.
Добрата вест за сите девојки е дека постојат неколку мали трикови со помош на кои вашето држење и движење на високи потпетици ќе изгледа многу пограциозно.
1. Правете мали чекори
За да изгледате елегантно треба да правите мали, бавни чекори, без да ги виткате колената повеќе од вообичаеното.
2. Газете прво на петата, а потоа на прстите
За чекорите да ви изгледаат природно не смеете да газите на целото стапало одеднаш, туку прво на петата, а потоа телото природно ќе си го заземе правилниот став и ќе продолжи со пренесување на тежината на прстите.
3. Држете го грбот исправен
Ако сакате да изгледате грациозно, правилното држење на рбетот е првата лекција која треба да ја совладате. Затоа, исправете ги рамениците и нека градите ви бидат паралелни со подот. На тој начин се истегнуваат стомачните мускули и веднаш добивате потенка и повисока фигура.
4. Чекорите нека ви следат замислена права линија
Движете се како пред вас да има права линија по која треба да газите со двете нозе.
5. Подгответе се за носење потпетици уште дома
Ако сте купиле нов пар високи потпетици за некој важен настан, многу е важно да ја навикнете ногата на нив. Затоа, задолжително носете ги дома барем по неколку часа на ден.