7 начини како да носите металик облека и накит
Светликавите метални елементи повторно се во мода оваа сезона. Металик боите се одличен начин инстантно да додадете сјај и гламур на вашиот изглед.
Чевлите, здолништата, па дури и ноктите и усните може да бидат одлична основа за да додадете малку метални нијанси и го комбинирате со неутрални бои.
Иако многумина го сметаат овој тренд за чудени авантуристички, ние ви нудиме 7 идеи како да ги вклопите металик боите во секојдневниот изглед и да изгледате навистина гламурозно.
1. Чевли
Верувале или не металик чевлите одговараат на секоја комбинација. Иако вообичаено носиме металик ланчиња и обетки, металик чевлите се нешто навистина посебно.
Комбинирајте ги со неутрални бои и изберете нијанса според бојата на вашиот тен. Ако имате посветол тен изберете сребрена боја, а на оние потемните совршено ќе им одговараат златните нијанси.
2. Накит
Металниот накит навистина изгледа одлични за кежуал варијанти и за свечени прилики но сепак избегнувајте додатоци кои изгледаат пренатрупано (никогаш не носете впечатливи обетки и ланче истовремено).
Металните додатоци одлично одговараат со потемна шминка, но во никој случај не смеете да ги комбинирате со светли фустани.
3. Металик парчиња облека
Можеби овие комбинации ви изгледаат малку ексцентрично и аватуристички, но комбинирани со вистинските неутрални тонови тие ќе направат да изгледате навистина прекрасно.
4. Металик акценти
Ако не се чувстввате доволно смело за да облечете металик фустан или здолниште секогаш можете да го освежите изгледот со металик додатоци. Златни или сребрени колани, чанти, чевли и накит се само дел од сè она кое може да направи да изгледате посебно.
5. Шминка
Ако златниот или сребрен кармин се премногу ризични за вас, кармините со бисерен финиш и металик сјајот за усни може целосно да го трансформираат вашиот изглед. Секако тука се и металик сенките за очи кои се одличен избор за вечерните излегувања.
6. Маникир и педикир
Не морате да нанесете металик нијанса по целата должина на ноктот за тој да биде впечатлив. Можете да го искористите стариот добар француски маникир така што ќе комбинирате мат и сјајна металик нијанса.
7. Боја на коса
И на крајот одлична идеја за сите кои се доволно храбри за една ваква драстична промена – металик боја на коса.
М. С. | Црнобело