Кога се брзате: 5 парчиња облека со кои ќе бидете дотерани за 5 минути
Секогаш секаде доцните, постојан мултитаскер сте и се обидувате да ја испразните машината за садови додека правите кафе, се шминкате и ја сушите косата. Звучи познато? Како наполнување на утринскиот мултитаскинг, навистина голем предизвик е да ја координирате облеката во помалку од 5 минути. Честопати, потребно ви е време за да ја склопите целата комбинација.
Поради таа причина постојат целосни изгледи составени од максимум 3 парчиња кои се одлична опција кога немате време и ве мрзи да вложувате труд особено во оние утра кога навистина немате време за дотерување.
Сѐ што ви е потребно е мала инспирација, па затоа одбравме 5 изгледи кои ќе направат да блеснете во помалку од 5 минути:
1. Долги кошули - фустани
Долгите кошули кои наликуваат на фустани се одлично парче за транзиција помеѓу работа и викенд журка. Бидејќи има толку многу различни стилови и кроеви – долги, кратки, со копчиња или без – тие можат да изгледаат покежуал или поелегантно, секако во зависност од модните додатоци. Во спој со балетанки на врзување или пак колан изгледаат како совршената брза и лесна комбинација.
2. Тексас комбинезон
Тој можеби ви изгледа како парче облека од вашето детство, но бидете сигурни оваа сезона тој е комплетно модерен. Еден комбинезон + блуза на риги + елегантен пар штикли = совршен моден погодок.
3. Краток комбинезон
Тој е наменет за деновите кога е премногу топло за да носите пантолони, но некако не е во ред да носите шорцеви. Омилените балетанки или сандали се сосема доволни за од обичен изглед да постигнете идеален моден аутфит.
4. Макси фустан
Ако се прашувате дали да облечете макси фустан тогаш одговорот дефинитивно треба да биде „да“. Благодарение на него, може да изгледате како тропска кралица без воопшто да се потрудите. Без разлика дали ќе одберете патики или високи потпетици, ова парче треба задолжително да го имате во плакарот.
5. Комбинезон
Поради големиот диверзитет на стилови и кроеви тој може да се носи за голем број прилики – од забавен принт за на плажа до елегантно црно за поформална вечер. Во комбинација со штикли или гладијаторки – секако изгледа шик. Дури постојат варијанти кои се совршени за на работа.
С. С. | Црнобело