3 правила до кои мора да се придржувате ако носите фустан или маичка со гол грб

Улиците се полни со блузи, туники и фустани со делумно или потполно отворен грб, кои се наменети за жентие со изразени грбни мускули и оние со авантуристички моден дух.

prkosenje-na-gravitacijata-3-pravila-do-koi-mora-da-se-pridrzuvate-ako-nosite-fustan-so-gol-grb-01

Доколку и вие сакате да ги носите, ова се правилата до кои мора да се придржувате:  

1. Пркосење на гравитацијата

prkosenje-na-gravitacijata-3-pravila-do-koi-mora-da-se-pridrzuvate-ako-nosite-fustan-so-gol-grb-02

Маичката или топот со отворен грб најдобро ѝ стои на младата жена со компактно тело и мали гради кои лесно ѝ пркосат на гравитацијата. Со други зборови, ова модно парче најдобро стои на телото кое нема потреба од градник бидејќи така не открива копчиња, ремчиња и останати делови од долната облека.

2. Невидлива поддршка

vprkosenje-na-gravitacijata-3-pravila-do-koi-mora-da-se-pridrzuvate-ako-nosite-fustan-so-gol-grb-03

Жените кои се навикнати да носат фустани со отворен грб, како Ева Лонгорија, ги знаат сите трикови на овој „занает“.

Доколку мора да ги зголемите или подигнете градите пред прошетка во град, а сакате да го истакнете голиот грб, тогаш набавете силиконски самодржечки градник или леплива летна која се поставува под градите бидејќи ги подигнува, а вашите гради добиваат поддршка без непријатно ѕиркање.

3. Делумно отворен грб

prkosenje-na-gravitacijata-3-pravila-do-koi-mora-da-se-pridrzuvate-ako-nosite-fustan-so-gol-grb-04

Градникот е дозволен ако одберете тренди топ со делимумно отворен грб. Ако сакате да го истакнете горниот дел од грбот, набавете low strap градник кој се закопчува долу – над задникот.

Може да го откриете и долниот дел од грбот, како во случајот на Тејлор Свифт, а тогаш класичниот градник е и повеќе од добредојден. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
Моден погодок: Две Македонки во аутфити со оскаровски гламур на јахта во Кан Двете пријателки, се вљубенички во модата, а и модата е нивна животна професиона...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
Како да носите елегантни шорцеви, а да не изгледате вулгарно? (фото) За на работа, за прошетки на патувачки дестинации, за викенд кафе или вечерни из...
Славни жени кои се облекуваат младешки (и се доказ дека годините не треба да го дефинираат стилот) Можете ли да ја замислите Шер во класични костимчиња, или Салма Хајек закопчана ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg