Сите парчиња облека кои некогаш биле носени во „Сексот и градот“
Две брилијантни дами, Челзи Фернес и Лорен Гарони се во процес да ги документираат сите парчиња облека кои некогаш биле носени на „Сексот и градот“.
На нивниот Инстаграм профил кој моментално стана сензација и има над 109.000 следбеници, можете да сретнете различни модни изданија на сите ликови од серијата, а секако посебен акцент се става на четирите њујорчанки со кои се дружевме цели 6 сезони.
Некои од тие модни изданија ни се доста добро познати, некои сме ги подзаборавиле, а на некои сме се чуделе и сè уште се чудиме, во секој случај, овие девојки успеваат да разбудат носталгија во нас за времињата која едвај чекавме на малите екрани да ја гледаме оваа серија.
Којзнае, можеби повторно ќе почнете да ја гледате серијата само за да проверите дали ги има сите модни изданија на овој Инстаграм профил?
И онака, повеќето омилени ТВ серии веќе се завршени, а нема да почнат барем до септември:
Н. Г. | Црнобело