Тениската облека совршена за секој ден: Бели шорцеви (фото)
Тениската облека отсекогаш била еден од поголемите фетиши на модната индустрија. Од елегантните и едноставни патики, до совршените поло маички, навистина нема елемент кој не може да се интерпретира во секојдневната мода.
А, меѓу цела таа совршена тениска облека, се и белите шорцеви кои совршено им стојат на сите мажи. Изгледаат стилски и совршено, а сите почнувајќи од Џон Мекeнро и Бјерн Борг до Роџер Федерер привлекуваат погледи кога ги носат.
Со малку поширок и подолг крој за разлика од 70-тите, белите шорцеви се враќаат на машката модна сцена. А, нашиот совет е ова лето да ги одберете токму нив. Ако ништо друго, тие се одличен начин да се спасите од летните горештини.
С. С. | Црнобело