Фустанот кој е направен од стотици стаклени меурчиња (фото)
Колекциите кои често ги дефинираме како „висока мода“ се оние каде дизајнерите најмногу се трудат да се покажат и каде навистина ги покажуваат своите таленти.
Трпение, безбројни часови на работа, рачна изработка...
Сето тоа одредува дали некое парче облека ќе може да влезе во светот на високата мода токму од групата која официјално одредува што е биде висока мода уште од 1868-та година, „Le Chambre Syndicale de la Haute Couture“.
Модната куќа „Iris van Herpen“ и дизајнерката која стои зад неа денес експериментираат со многу нови и модерни техники како 3Д печатење.
А, за нејзината есенска колекција за 2016-та година, во Париз, прикажа фустан кој навистина го привлекува вниманието.
Направен е од стотици меурчиња, односно лесни стаклени сфери надополнети со силикон.
Понатаму во колекцијата продолжила да експериментира со силикон и има фустан кој е надополнет со Сваровски кристали, па изгледа како на самиот фустан да има утринска роса.
Н. Г. | Црнобело