16 лекции од Викторија Бекам: Моден прирачник за секоја жена
Ако не можете да најдете сопствен стил на облекување, прифатете барем едно од модните правила на Викторија Бекам и воопшто нема да погрешите.
Не е тајна дека со својот храбар став и извонредните комбинации, Викторија Бекам од секогаш важела за личност која како инспирација ја користи класиката и безвременската мода.
Ова се 16 лекции кои можеме да ги научиме од оваа дама, чиј стил е секогаш совршен дури и до најмали детали.
1. Каде и да одите, трудете се да изгледате уредно и средено.
2. Никогаш не го потценувајте посебниот „гламурозен изглед“, кој можете да го постигнете со елегантна комбинација (од глава до пети!).
3. Вашето одело треба секогаш да привлече внимание, особено надвор од канцеларијата.
4. Црното не секогаш мора да биде и основна облека.
5. Некогаш малите детали како салонки во неочекувана боја, може да ја зачинат целокупната комбинација.
6. Понекогаш потребен ви е само малку дезен и боја за да го освежите својот црн миди фустан.
7. Секогаш можете да го обновите и освежите својот изглед со фармерки, така што класичниот топ ќе го замените со впечатлива туника.
8. Ако капутот ви е впечатлив, бирајте едноставни парчиња облека кои ќе ги комбинирате со него.
9. Запомнете дека фустанот со добар крој, кој ја истанчува вашата фигура е непроценлив.
10. Не плашете се да комбинирате силни бои со не толку изразени класични дезени, бидејќи тие соодветно комбинирани може да изгледаат одлично.
11. Едноставниот макси фустан, во црна боја, мора да биде дел од вашиот плакар бидејќи се смета за совршено парче за секоја прилика.
12. Мантилот е безвременско парче облека кој се вклопува во секој стил.
13. Монохроматскиот избор на облека е неверојатно шик.
14. Карото секогаш изгледа софистицирано. И на волна, и на памук, и на свила. Ќе имате чувство како штотуку да сте излегле од модна писта.
15. Обичната бела маичка можете да ја комбинирате со секое парче, како на пример со миди здолниште со цветен дезен.
16. Рамните кожни мокасини совршено изгледаат со елегантни панталони, кошула и мантил.
М. С. | Црнобело