Модата се враќа: Во тренд се лесни еспадрили
Еспадрилите, верувале или не, датираат уште од праисторијата, бидејќи ѓоновите од јута и воопшто, ѓоновите изработени од природни материјали биле единствениот можен избор.
Сепак, препознатливата форма која сите ја знаеме денес ја добиле во 13-ти век во Шпанија.
Иако најнапред биле обувки кои ги носеле работниците, тие полека се проширувале низ светот, сè додека еден моден визионер не добил идеја да им додаде потпетици.
Ив Сен Лоран е човекот на кого треба да му заблагодариме за иновативниот дизајн и популарноста која тие ја добиле.
Еспадрилите се омилените обувки на голем број луѓе токму заради нивната практичност и удобност.
Ова лето, како и секое претходно, тие се повторно во мода.
Во продолжение погледнете ги најубавите еспадрили за ова лето и обидете се да се воздржите и да купите само еден пар (иако и ние и вие знаеме дека тоа е невозможно).
М. С. | Црнобело