60-годишниот маж кој на стари години стана најзгодниот хипстер
Еден пензионер полека, но сигурно станува вирална сензација и ги убедува сите дека никогаш не е доцна да ги исполните соништата, како што неговите се исполнуваат токму сега.
Филипе Думас, кој живее во Париз, ги достигна своите амбиции 7 месеци откако сподели фотка на Imgur.
По неа следеа голем број на фотосесии, после кои дедото ја доби титулата најстариот и најзгодниот хипстер.
Филипе има и Инстаграм профил на кој може да ги разгледате сите негови стилски експерименти.
Пред да стане славен и познат хипстер, 20 години работел како менаџер во филмска продукција и уште 10 години поминал работејќи во маркетинг.
„Одам во теретана 5 дена во неделата, сакам да кревам тегови за да ги одржам мускулите, правам кардио за срцето и понекогаш знам да танцувам балет чисто заради забава и доброто држење на телото,“ одговара Фелипе кога го прашуваат на што се должи неговиот добро сочуван изглед.
М. Д. | Црнобело