Лето во Springfield - Долги фустани, сандали, бохо и романтика
Дали веќе ја чувствувате возбудата поради доаѓањето на летото? Springfield ги има најшармантните фустани, блузи, сандали и додатоци за летните денови.
ЛЕТНИ АВАНТУРИ
Долгите фустани се едно од најмодерните парчиња оваа летна сезона, а доаѓаат во повеќе различни дезени и модели. Овој модел инспириран од морнарскиот стил е одличен за летни авантури, прошетки и откривање нови места.
За лежерен и удобен изглед комплетирајте ги со новите бели патики на Springfield.
ЕТНО ИНСПИРАЦИЈА
За оние со слободен дух кои се секогаш расположени за носење тексас го избравме овој фустан дополнет со нежен вез.
Рамните римски сандали и плетената ташна се дополнување на овој етно стајлинг.
БОХО ФЕСТИВАЛ
Сезоната на фестивали започнува, па затоа Springfield подготви модели совршени за забава до зори – удобни и шик. Одлично одговараат со кожена ташна со апликација, доволно голема за да собере сè што е неопходно за супер забава!
Ако сте од оние кои не ги претпочитаат долгите фустани, тогаш бохо варијантата е достапна и во пократка варијанта во моќна црвена боја со метални украси или пак нежна и елегантна бела варијанта за вечерни излегувања.
ВРЕМЕ ЗА РОМАНТИКА
Нема ништо поромантично и поженствено од блузите со тантела и карнери кои на суптилен начин ја истакнуваат бронзената кожа. Лесни за комбинација панталони или шорвеци.
ЛУДА ПО ЧЕВЛИ
Рамни сандали или оние на платформа? Етно принтови, интересни додатоци кои висат, златни и сребрени детали. Без разлика кои ќе ги изберете, тие се супер кул избор за да го збогатат секој летен изглед.