Модниот стил на омилените тв хероини (фото)

Тие се неверојатно силни жени, кои зрачат со префинетост, елеганција и моќ.

modniot-stil-na-omilenite-tv-heroini-foto-001.jpg

Стилот на нашите омилени хероини од популарните тв серии е вистински доказ за индивидуалност и безвременска класика, неретко зачинет со модни парчиња од најновите колекции на познати дизајнери.

Трите лика ја имаат совладано техниката на стил на кој не му се потребни китења, за да изгледаат впечатливо и совршено, и се доказ дека не треба да носите нападни комбинации за да бидете забележани.

Стилистите на овие три дами имаат задача, која е истовремено забавна, но и предизвик – секогаш да изгледаат професионално од глава до петици и да носат облека која посакуваме да виси во нашите плакари кога сакаме да оставиме моќен и сериозен впечаток.

Клер Андервуд (House of cards)

Таа е вистинско олицетворение на минимализмот, без желба за никакви специјални додатоци или промена на нејзината фризура.

Клер е перфекционист, чија палета на бои при облекувањето е генерално монохроматска и еднобојна.

Чисти линии, едноставни кроеви со силно изразена силуета, скапи материјали и единствениот накит којшто Клер го преферира на нејзиниот врат – бисери.

Kler_Andervud_modni_kombinacii_8.jpeg

Џесика Пирсон (Suits)

Џесика е вистинска моќна дама, а нејзиниот стил не отскокнува од карактерот на оваа дама со чоколаден тен. Слично како и Клер Андервуд, Џесика е исто така обожавател на еднобојниот спектар, но неретко си го дозволува и луксузот наречен принт и малку похрабри, волуменозни парчиња облека.

Jessica_Pirson_modni_kombinacii_12.jpeg

Оливија Поуп (Scandal)

Можеби најхрабрата од трите во групата, слободно можеме да се согласиме дека никој не носи капути онака како што тоа го прави Оливија Поуп.

Нејзиниот избор на сакоа, чанти и ракавици нè остава без здив, како и секогаш средената коса на која не стрчи буквално ниедно влакно. Оливија изгледа токму онака како што ѝ доликува на една дама – полирана и сјајна.

Olivia_Pope_modni_kombinacii_7_2.jpeg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...
10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg