MANGO го презентира новиот тренд за сезоната - True Romance
Барселона, 14 април 2016 – Под името True Romance, MANGO го презентира четвртиот тренд за пролет/лето 2016, заедно со рекламна кампања која ќе биде активна во мај.
Овојпат трендот е презентиран од страна на едни од најбараните интернационални модели во моментов, Матилде Банди и Стефи Арглелич.
Трендот актуелен во месец мај го навестува романтичниот дух на летото, каде белата боја е во центарот на вниманието.
Долги блузи, провидни фустани од тантела, карнери....колекција исполнета со женственост и романтика. Фустаните и останатите парчиња во чиста, бела боја асоцираат на софистицираност, додека пак материјалите како памук, шифон и провидните материјали го доловуваат шармот на летото.
Кампањата за True Romance е фотографирана на почетокот на март во Лос Анџелес.