Раскошно и поетично финале: Третиот ден од Модниот Викенд во Скопје

Колорит, диверзитет, елегантни фустани, блага ексцентрика... – вака течеше третиот и последен ден од Модниот Викенд.

raskoshno-i-poetichno-finale-tretiot-den-od-modniot-vikend-vo-skopje-01.jpg

Како шлаг на тортата беа ревиите од:  Дренуша Џара (Косово), Јика Брада (Косово), ЈЗЈ- Златко Јовановски, Никола Петровски, Сигма jewelery,  и честа да го затвори 13-тото издание ја имаше Лидија Георгиева.

Како и претходните два дена, материјалите беа лесни и сосема соодветни за пролет и лето, најзастапени беа свилата, жоржетот и памукот. Поради силниот диверзитет на бои, не може да се каже дека постоеја доминантни бои.

Судејќи по крајот на Модниот Викенд, оваа сезона најмодерен ќе биде голиот грб, па разните типови набори и исечоци и широките ракави.

Дренуша Џара

Косовската дизајнерка работела со силни бои кои блескаа под рефлекторите. Црвената, сината, цикламата беа во центарот на вниманието. Забележливи беа фустани инспирирани од Средновековието, но сепак со нишки модерен шик. Како најдоминантни се издвојуваа долгите тоалети и кратките коктел фустани.

drenusa_01.jpg

drenusa_02.jpg

drenusa_03.jpg

drenusa_05.jpg

drenusa_04.jpg

drenusa_06.jpg


ЈЗЈ – Златко Јовановски

Благиот ексентристички пристап е сосема умешно скриен во совршените ремек-дела од рацете на 20-годишниот Златко Јовановски. Сакајќи да ги нагласи рамениците и колковите, тој создаде колекција од соништата на високата мода користејќи луксузни материјали како свила, тул во комбинација со монистри. Инспириран од бурлеска танчарките, колекцијата изобилува со креативни боди. Палетата на бои се движеше од златна до сребрена, бела и небесно сина.

jovanovski_01.jpg

jovanovski_02.jpg

jovanovski_03.jpg


Никола Петровски

Јубилејната 20-та годишнина на брендот, Никола Петровски ја одбележа со фантастична ревија насловена „Bacha chic“. Шармантна, боемска, исполнета со бои кои вообичаено не си одговараат како црвената и розовата. Никола Петровски е можеби единствениот дизајнер кој во својата колекција за пролет/лето го стави и ленот како еден од попријатните материјали за топлите месеци. Останувајќи доследен на себе, разните принтови беа вешто внедрени во интересни светкави материјали. А, иако не постоеше голема поврзаност меѓу парчињата, сепак колекцијата е високо кохерентна, романтична и смела.

nikola_01.jpg

nikola_02.jpg

nikola_03.jpg


Лидија Георгиева

Честа да го затвори 13-тото издание на Модниот Викенд ѝ припадна токму на Лидија Георгиева. „The cherry blossom collection“ e колекција која изобилува со диверзитет на материјали кои суптилно се судруваат во парче облека. Плетка, тантела, жоржет, свила - сите овие материјали го наоѓаат своето место во еден дел од облеката. Придружено со интересен танцов перформанс, колекцијата беше уникатна и несекојдневна.

lidija_01.jpg

lidija_02.jpg

lidija_03.jpg

lidija_04.jpg

Софија Сионова | Црнобело

Фото : Ани и Дими

Би можело да ве интересира:

Облека и модни додатоци кои се секогаш тренди (и треба да ги имате во гардероберот) Морнарски маички (или џемпери) и црн кожен колан – некои парчиња и модни додатоц...
Како да носите елегантни шорцеви, а да не изгледате вулгарно? (фото) За на работа, за прошетки на патувачки дестинации, за викенд кафе или вечерни из...
Модата на машките посетители на Shtip Fashion Days 2024 – оделата со голо деколте се хит (фото) Од црни одела со голо деколте и мини чанти, до широки и спуштени фармерки со гло...
Да направиме место за штедливата и одржлива мода: Приказната на Креместаре Модата од високата класа може да биде достапна за секого! Да се облече луксузен ...
Модерна класика на ревиите на трите најголеми штипски модни брендови на Shtip Fashion Days 2024 Три модни ревии на три штипски текстилни компании ја одбележаа втората вечер на ...
Чевли кои е подобро да ги заобиколите, дури и ако се на попуст Безличните балетанки веќе се демоде, а сандалите со врвци до колената или со про...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg