4 храбри бои кои треба да ги носите почесто оваа пролет
Иако не негираме дека црната гардероба е неизбежна варијанта, животот е поубав кога ќе додадеме малку боја.
Идеално време да почнете да си играте со боите е токму оваа пролет.
Модните експерти велат дека хит ќе бидат следниве 4 бои и треба да ги носите почесто додека е топло:
1. Впечатлива розова
Можеби пастелно розовата е боја на годината, но ако сакате нешто поенергично, одберете неонска впечатлива розова. Зборуваме за барби розова која сигурно ја обожававте како девојчиња.
2. Златно жолта
Златно жолтата е посебна нијанса помеѓу придушената нијанса на сенф и сончевата светлина. Оваа жолта е доволно весела, но и доволно пријатна за очите.
3. Индиго сина
Тексасот никогаш нема да излезе од мода, што автоматски значи дека и индиго нијансата секогаш ќе биде во тренд.
4. Богата виолетова
Лаванда нијансата секако е привлечна и смирена, но оваа пролет посебно популарна ќе биде богатата изразена виолетова нијанса. Со доза на мистериозност секоја комбинација ќе биде повозбудлива оваа пролет.
М. Д. | Црнобело