Што да носите на FWSK: 9 трендови од 80-тите кои повторно се модерни
`80-тите - Некои велат дека ниедна ера не e подеднакво сакана и мразена колку што е периодот од 1980-та до 1989-та година.
Тоа е период исполнет со грејачи за нозе, спандекс со висок струк, светки и секако многу, многу неонски нијанси.
Но, голем дел од трендовите од `80-те се вратија поради циничната природа на модата. А, ако знаете да ги носите тогаш ќе изгледате модерно.
Бидејќи темата на 13-тиот по ред Моден Викенд во Скопје е во духот на `80-тите, еве неколку идеи кои ќе ви помогнат да одлучите што да носите:
1. Потпунки на рамениците
По завршувањето на оваа ера, навидум смешни, тие станаа огромен пример што НЕ треба да носите. Но, благодарение на брендовите-трендсетери како Balmain, кои инкорпорираат истакнати раменици во скоро секое парче, изгледа дека овој тренд повторно станува популарен.
За да не изгледате како сѐ уште да живеете во `80-те, прескокнете ги волуменозните пантaлони и пробајте свилена блуза со потпунки на рамениците вовлечена во фармерки со висок струк и впечатливи потпетици.
2. Тексас јакни со лични додатоци
Ако во `80-те немавте преголема тексас јакна полна со уметност, беџови или прешивачи, тогаш сигурно сте грешеле некаде. Речиси две декади подоцна, ризичниот изглед на тексасот повторно се враќа на големо. Без разлика дали ја чувате старата или ќе направите(или купите) нова, внимавајте материјалот да не биде премногу темен, а кројот преголем.
3. Очила со огледало ефект
Клише интерпретацијата на иднината е голем дел од поп културата за време на `80-те, а веселите, светли очила со огледало ефект беа дел од таквиот изглед. Пред некое време тие се појавија не само како тренд, туку како дел од личниот стил.
4. Бели високи потпетици
За време на ерата од `80-те, белите чизми и салонки беа ит – колку потенка штикла, толку подобро. Нив ги носеа сите – од обожавателите на Синди Лопер (со грејачи за нозе) до матурантките (носејќи ги со мини-фустани со многу набори). Кога заврши овој период белите чизми и салонки беа сметани за невкусни и скоро исчезнаа. Но, во последните неколку сезони, тие повторно се враќаат посебно во брендовите како Isabel Marant и Céline кои создадоа сопствени верзии, а ѕвездите од улиците ги носат со скоро сѐ, во секое годишно време.
5. Златно ламе
Во периодот на 1980-те, масивните ламе јакни, волуменозни фустани и светкави здолништа беа хит на сезоната. Сега, материјалите имаат посмирен изглед, а дизајнерите како Карен Вокер го користат на маици, шорцеви и кулоти со единствена разлика што се носат со неутрални парчиња.
6. Подвиткани фармерки
Кул децата од `80-те носеа подвиткани фармерки во стил кој се вика „pegging“ . Не е толку лесно колку што мислите, па затоа еве туторијал. Ваквиот начин на виткање фармерки се врати на големата модна врата станувајќи повторно популарен благодарение на брендовите како J.Crew и модните блогерки.
7. Широки ремени кои го намалуваат струкот
За време на диско ерата, тие беа носени со сѐ – од широки пантолони со висок струк до коктел фустани, а дизајнерите како Isabel Marant и Balmain се „виновни“ што ваквите ремени се повторно модерни.
8. Светки
Еден од најпрепознатливите трендови на `80-те се врати со помош од дизајнерските куќи како Balmain, Ashish, Rodarte, Jill Stuart и J.Crew. Но, за да спречите да изгледате како новогодишна елка, мора да внимавате: доволно е само едно парче со светки, а сѐ друго да биде неутрално.
9. Набори
Долго време сметани за премногу женствени, наборите доживуваат ренесанса благодарение на дизајнерите Rosie Assoulin, Balmain, Isabel Marant...
С. С. | Црнобело