MANGO ја презентира гранџ тенденцијата од ’90-те и новиот металик тренд во соработка со Карли Клос
Инспириран од гранџ културата на 90-ите, New Metallics е третиот тренд кој MANGO го презентира сезонава. Овојпат, трендот го претставува американката Карли Клос која со своите 23 години е веќе еден од врвните топ модели на денешницата.
По трендовите Tribal Spirit и Soft Minimal, во април фокусот е на таканаречениот New Metallics тренд, кој вклучува парчиња со рок енд рол елементи, мини фустани, кратки јакни, многу тексас, чизми до глужд, спортски обувки, но и високи потпетици.
Некои елегантни фустани и одделни парчиња имаат метални украси и светкави додатоци како монистри за да се долови ексцентричноста и безгрпжноста со која пејачите како Кортни Лав ја обележаа гранџ декадата.
Новата кампања која е направена на почетокот на февруари ќе биде активна од 1-ви април, што ќе се поистовети и со пристигнувањето на колекцијата инспирирана од овој нов тренд во продавниците.
Карли Клос, која веќе соработувала со брендот во повеќе наврати, вели: “Работењето со MANGO за да се оживее рок инспирацијата и трендот New Metallics” беше навистина интересна. Парчињата од колекцијата се оригинални и ја доловуваат енергијата на фотосесијата која се претвори во вистинска диско забава.”