3 наметки кои секоја жена треба да ги има оваа пролет
Покрај сите кошули, маички и лесни блузи, за оваа пролет да бидете модерни, но и да не ве изненадат пониските температури, ви требаат само 3 наметки.
Ако било која од листата ви недостасува во гардероберот, време е да тргнете во потрага по продавниците.
1. Тексас јакна
Веројатно најдобрата работа околу оваа наметка е што одговара со патики, сандали и високи потпетици, лесни фустанчиња или кошули и фармерки... Можете да ја носите и во елегантни и во поопуштени изданија.
2. Бело сако
Белото сако лесно се комбинира посебно во пролет, кога сакате да носите експлозија од бои на себе. Оваа наметка ќе ви даде смирена нота на секој изглед.
3. Кимоно наметка
Кимоно наметката е одлична лесна алтернатива на кардиганите која има моќ едноставната бела маичка да ја направи елегантна. Доброто е што за да си направите кимоно наметка ви треба само една марама со дезен по желба.
30 идеи како да ги носите кога ќе затопли:
М. Д. | Црнобело