Модни утки и погодоци - Што носеа ѕвездите на Governors Awards 2024? (фото)
Пенелопе Круз, која важи за жена со префинет стил, овој пат потфрли со бел фустан кој модните критичари го опишаа како „торта на три ката“. Кои беа најдобро, а кои најлошо облечените ѕвезди на 14-те Governors Awards?
Во Лос Анџелес вчеравечер (09.01) беа доделени 14-те Governors Awards, за најдобрите филмски остварувања во изминатата 2023-та година. Наградите ги доделува Академијата за филмски уметности и науки која стои и зад престижните Оскари.
И додека Марго Роби, Флоренс Пју, Емили Блант и Ева Лонгорија воодушевија со изгледот на црвениот тепих, повеќето славни дами, но и некои мажи беа вистинска модна катастрофа според модните критичари, но и јавноста.
Според нив, Пенелопе Круз, која важи за жена со префинет стил, овој пат потфрли со бел фустан кој го опишаа како „торта на три ката“.
Ништо подобар не беше ни изборот на актерот Зек Ефрон кој носеше црвена ролка во комбинација со свечен костум.
Меѓу оние кои направија погрешен моден избор се и Ема Стоун, Анџела Басет, Џулиен Мур, Рита Вилсон, Клер Фој, Шајлин Вудли и други.
Погледнете ги најголемите модни погодоци, но и модни катастрофи на Governors Awards:
A. J. | Црнобело