Модна лекција: Што треба, а што не треба да облечете после 30-та година?
Постојат милион правила како треба да се облекувате според обликот на телото, но единственото правило кое треба да го почитувате е да се облекувате согласно годините.
Штом наполните 29, потрудете се полека да се откажувате од впечатливиот накит и од навиката да шетате по патики и спортска опрема надвор од теретана.
Наместо тие навики, следете ги лекциите од овие 5 ѕвезди со стил:
Не носете: Евтини сакоа и одела
Носете: Модерни, софистицирани одела
Кога ќе ги надминете 20-те, време е да ги фрлите евтините сакоа кои ги комбиниравте со фармерки и да се посветите на целосните одела.
Не носете: Патики со спортска опрема
Носете: Патики со поелегантни парчиња облека
Патиките се пристојни за секоја генерација, но во комбинација со тренерки не е најдобар избор. Кога сакате да изгледате опуштено, одберете широка ролка и комотни фармерки, наместо хеланки и дуксер.
Не носете: Облека која не ви прилега
Носете: Парчиња кои ви ја нагласуваат линијата
Каква линија на телото и да имате, нагласете го најдоброто од неа. По 30-те треба да ја славите убавината на телото и силуетата.
Строго забрането: Скршнување од личниот стил
Дозволено: Доследност на сопствениот стил
Додека во 20-те се барате помеѓу трендовите и удобноста, веќе во 30-те треба да имате чувство за мода. Запаметете, во ред е да еволуирате, но во насоката во која сте ја одбрале.
Не носете: Премногу накит
Носете: Веќе испробани аксесоари и парчиња накит
Како што Коко Шанел рекла - „секогаш тргнете една работа од себе пред да излезете од дома“.
М. Д. | Црнобело