Најскапите дијаманти кои ѕвездите ги носеа на Оскарите
Со оглед на каратите и нивната цена, овие неколку ѕвезди требало да имаат посебни телохранители само за своите дијаманти.
Согласно гламурот кој владее на настанот, Рис Витерспун, Шарлиз Терон, Лејди Гага и уште неколку ѕвезди се издвојуваа на црвениот тепих на Оскарите благодарение на своите светкави дијаманти.
1. Рис Витерспун носеше накит вреден $1,6 милиони долари, вклучувајќи вкупно 147-карати oд Tiffany & Co.
2. Шарлиз Терон носеше дијаманти од Harry Winston, вредни $3,7 милиони долари. 48,8-каратна огрлица, 15,49-каратни обетки и 8.78-каратен коктел прстен.
3. Кери Вашингтон својот Atelier Versace фустан го искомбинира со 42,54-каратни дијамантски обетки и скромен 12-каратен прстен со дијаманти во 3 реда.
4. Лејди Гага, кралицата на ексцентричноста, својот бел комбинезон го надополни со 90-каратни коцкести обетки, плус масивниот веренички прстен со дијамант во облик на срце вреден $8 милиони долари.
5. Софија Вергара својот Marchesa фустан го спои со 65-каратни висечки обетки, мешавина од сафири и дијаманти, како и со 15-каратен прстен, исто така комбинација од сафири и дијаманти.
6. Тина Феј иако изгледаше скромно, на себе имаше Bulgari огрлица со 109,25-каратни сафири и 19,25-каратни дијаманти.
7. Џенифер Гарнер носеше Neil Lane накит во вредност од $3 милиони долари, распределени на бразлетни од дијаманти и платина, обетки од смарагд, дијаманти и платина, како и огромен прстен со дијамант во вредност од $250.000 долари. Колку карати имаше на себе? Точно 200.
М. Д. | Црнобело