Луксузната продавница на Викторија Бекам vs. евтиниот бутик на нејзината сестра

Како и сите други сестри, Викторија Бекам и Луиза Адамс се прилично различни. Едната е поранешна поп-пејачка во брак со фудбалер и живее во луксуз - богатство кое се проценува на 209 милиони фунти, а другата двапати омажена мајка на 4 деца која живее скромен живот речиси надвор од Лондон.

kolku-se-razlikuvaat-prodavnicite-na-viktorija-bekam-i-sestra-i-01.jpg

Но, имаат и нешто заедничко, а тоа е љубовта кон модата. И двете имаат свои продавници за облека. Едната луксузна продавница во Мејфер, ексклузивна област во западен Лондон, а другата близу Хердфордшир.

Сара Рејни одлучила да ги спореди и двете продавници и открила неверојатни сличности.

Модниот храм на Бекам

Продавницата на Викторија е уште позната и како моден храм кој о чуваат двајца стражари кои ги поздравуваат потрошувачите со насмевка. Но, сопственикот на продавницата го нема иако на отворањето ветила дека ќе биде достапна за секој потрошувач.

kolku-se-razlikuvaat-prodavnicite-na-viktorija-bekam-i-sestra-i-2.jpg

Со оглед на тоа дека продавницата е сместена во Мејфер, опколена е од скапи продавници, галерии. Се наоѓа точно меѓу Jimmy Choo и продавница за антиквитети.

kolku-se-razlikuvaat-prodavnicite-na-viktorija-bekam-i-sestra-i-6.jpg

„Цела палета бои, фустани, свила, маици, деликатна тантела - тука можете да најдете сè од најновата колекција за 2016-та година, но гледате цена и се обидувате да не се насмеете. 660 фунти за црн плетен фустан, 720 фунти за пижами и 325 фунти за обична бела маица“ - вели Рејни.

kolku-se-razlikuvaat-prodavnicite-na-viktorija-bekam-i-sestra-i-3.jpg

Не очекувајте да потрошите помалку од 200 - 300 фунти. Чанта направена од кожа од питон чини 1.850 фунти, пар позлатени очила со 18-каратно злато се 625 фунти... Најскапото парче облека е долг зелен сатенски фустан кој чини 3.120 фунти.

kolku-se-razlikuvaat-prodavnicite-na-viktorija-bekam-i-sestra-i-4.jpg

Цените се покриени за да не можете да ги видите сè додека не ја пробате облеката.

Насекаде се шири мирис од скапи свеќи. Има 6 асистенти - 4 мажи и 2 жени, млади и облечени во црно-бела комбинација кои се пријатно расположени, постојано се смеат и знаат како да ве услужат.

Продавницата е празна. Мал број на луѓе излегуваат од неа со нешто купено. Во текот на 5 работни денови од 368 потрошувачи само 16 излегуваат со кеса во раце.


Продавницата на Луиза

Продавницата е уште позната како таен гардеробер, бидејќи ќе ви биде потребно време додека го најдете. „Поминав половина час возејќи се и морав да се распрашам пред да го најдам“ - вели Рејни.

kolku-se-razlikuvaat-prodavnicite-na-viktorija-bekam-i-sestra-i-5.jpg

Нема камери, ниту стражари, туку Луиза може сè да следи од местото на кое седи, но како и кај нејзината сестра, сопственичката не е во продавницата.

kolku-se-razlikuvaat-prodavnicite-na-viktorija-bekam-i-sestra-i-8.jpg

Покрај неа има супермаркети Aldi и Sainsbury’s супермаркети како и многу кафулиња и места за брза храна.

kolku-se-razlikuvaat-prodavnicite-na-viktorija-bekam-i-sestra-i-9.jpg

Наместо деликатни тантели, кашмир и свила - имате евтина облека која е направена од синтетика, па и цените се драстично помали.

kolku-se-razlikuvaat-prodavnicite-na-viktorija-bekam-i-sestra-i-10.jpg

kolku-se-razlikuvaat-prodavnicite-na-viktorija-bekam-i-sestra-i-12.jpg

Тука може да се најде фустан за 20 фунти, блуза за 26 фунти...

kolku-se-razlikuvaat-prodavnicite-na-viktorija-bekam-i-sestra-i-11.jpg

kolku-se-razlikuvaat-prodavnicite-na-viktorija-bekam-i-sestra-i-7.jpg

Слушате радио додека пазарувате, а за разлика од празната продавница на нејзината сестра, тука вратата постојано ја слушате како се отвора и затвора.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Долги нозе, гради во преден план – Што облекоа познатите дами на ревиите од Модната недела во Париз? Кендал Џенер се појави закопчана до врат, а сестра ѝ Кајли носеше фустан со смел...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg