35 безвременски модни совети: Истите панталони не се носат и на штикли и на рамно

Колку и да сакате да ги следите трендовите секогаш имајте на ум дека постојат безвременски комбинации кои никогаш нема да излезат од мода и секогаш ќе бидат вистински погодок за секоја пригода.

35-bezvremenski-modni-soveti-istite-pantaloni-ne-se-nosat-i-na-stikli-i-na-ramno-01.jpg

За моментите кога немате идеја што да облечете само потсетете се на овие 35 модни совети и верувајте дека никогаш нема да згрешите:

1. Белата кошула е неизоставно парче. Одлично одговара со фармерки, но и класични пантолони и здолништа.

2. Бирајте модни додатоци во живи бои. Тие ќе ја освежат неутралноста на облеката. Ако сте похрабри изберета чанта и обувки во силни бои кои се сепак комплементарни.  

3. Ако некое парче облека ви се допаѓа како ви стои, слободно купете уште едно во друга боја. Ако веќе знаете дека одлично ви стои, зошто да се мислите?

4. Тајната формула за удобност е 95% памук, 5% ликра. Дури и тексас фармерките за да ви бидат удобни треба да имаат барем 2% ликра.

5. Истите пантaлони не можете да ги носите и на штикла и на рамни обувки. Затоа одберете една опција и држете се до изборот.

6. Ставете марама, бидејќи таа има моќ да ја претвори обичната памучна маичка во нешто покласично, а на елегантниот фустан да му додаде лежерност.

7. Не покажувајте премногу кожа. Одберете само еден дел од телото кој ќе биде откриен, бидејќи во спротивно ќе ја фрлите мистериозноста во сенка.

8. Носете ја чантата дијагонално преку рамото, бидејќи на тој начин ќе се движите непречено, а рацете ќе ви бидат слободни.  

35-bezvremenski-modni-soveti-istite-pantaloni-ne-se-nosat-i-na-stikli-i-na-ramno-05.jpg

9. Не купувајте облека за која нема да се грижите. Ако знаете дека ве мрзи да перете на рака, не купувајте деликатна облека која не се пере во машина.

10. Прифатете го својот облик на тело. Ако имате голем стомак не носете фустани кои го нагласуваат струкот.

11. Пред да одите во шопинг направете список. Не на она што ви треба, туку на 10-те омилени парчиња кои ги имате во плакарот. Тоа ќе ви помогне да не потрошите пари на облека која не одговара со нив

12. Подгответе се за купување облека. На пример ако одите да купите фустан за некој важен настан понесете со вас високи потпетици.

13. Секогаш пред да излезете застанете пред огледало и само доколку ви се допаѓа тоа што го гледате, излезете. Секое излегување е важно.

14. Купете помал број на фармерки бидејќи тие секогаш стојат поубаво ако ви се потесни.

15. Исчистете го плакарот. Тој треба да дише, а вие лесно да можете да ја видите облеката во него. Извадете сè што не сте облекле во изминатата година.

35-bezvremenski-modni-soveti-istite-pantaloni-ne-se-nosat-i-na-stikli-i-na-ramno-04.jpg

16. Носете ланчиња. Можете да носите повеќе ланчиња од ист материјал, или пак, уште подобро, од спротивен. Ланчињата во слоеви секогаш изгледаат убаво.

17. Видете ја потставата. Најчесто квалитетот на облеката може да се претпостави по квалитетот на потставата.

18. Ако постојано ви се чини дека некое парче облека на излогот изгледа убаво но не е за вас, променете го мислењето. Можеби е само до вас.

19. Посветете се на еден бренд или дизајнер, бидејќи најчесто парчињата од оваа сезона одлично ќе одговараат со тие од следната.

20. Кога не сте сигурни, облечете беж високи потпетици кои одговараат на тонот на вашата кожа. Тие се секогаш одличен избор.

21. Кога носите бело имајте на ум дека истото парче облека е многу попроѕирно преку ден отколку кога го носите навечер.

22. Ригите се одличен избор за викенд. Даваат опуштен, но истовремено и среден изглед.

23. Освежете ги копчињата. Понекогаш знаат да бидат единствениот проблем зошто старата кошула веќе делува старомодно. Променете ги сами или однесете ги кај кројач.

35-bezvremenski-modni-soveti-istite-pantaloni-ne-se-nosat-i-na-stikli-i-na-ramno-03.jpg

24. Никогаш не купувајте досаден капут. Толку многу луѓе го гледаат само вашиот капут, па дури и да носите нешто совршено под него, тие никогаш нема да дознаат.

25. Во гардероберот би требало да имате барем едно парче облека со леопард принт. Тој е безвременски, доволно возбудлив и секогаш гламурозен.

26. Не вадете стара облека од пред многу години. Да, модата навистина се враќа, но не на истиот начин. Комбинезонот од 2015-та не е ист со комбинезонот од седумдесеттите.

27. Не купувајте облека само бидејќи е евтина. Без разлика што некое парче има смешна цена и е на попуст воопшто не го купувајте доколку не ви стои и не ви се допаѓа.

28. Минимализирајте го струкот со широк ремен. Никогаш не го спуштајте на колковите.

29. Додадете елемент на изненадување. Тоа може да биде моторџиска јакна врз свечен фустан или енергичен ремен. Контрастите го прават вашиот изглед совршен.

30. Ако имате ограничен буџет, потрошете го на обувки и чанта. Добрите обувки и чанта ве прават поопушени во поглед на остатокот од облеката.

35-bezvremenski-modni-soveti-istite-pantaloni-ne-se-nosat-i-na-stikli-i-na-ramno-02.jpg

31. Комбинирајте широко со тесно. Ретко кому добро стои широка облека, па ако имате некое широко омилено парче секогаш носете го со нешто тесно.

32. Облекувајте се секогаш убаво. Не гледајте како се облекуваат жените околу вас, облекувајте се онака како што вие си се допаѓате себеси. Не го спуштајте сопствениот потенцијал заради тоа што вашите пријателки немаат желба за средување.

33. Направете свој „lookbook“. Добивте комплимент денес? Сликајте се со телефонот. Така ќе имате брз потсетник за следниот пат кога ќе бидете во брзање и нема да знаете што да облечете.

34. Облекувајте се во согласност со вашето тело, а не години. Имате затегнати рамена за маичка без прерамки? Тонирани нозе за шорцеви? Слободно покажете го тоа што го имате - додека го имате.

35. Но, внимавајте да не останете во минатото. Фризурата која одлично ви стоеле пред 10 години денес сигурно изгледа демоде, а свиленото здолниште во коеизгледавте убаво на 25 години, веќе на 40 може да изгледа запуштено. 

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Модерна класика на ревиите на трите најголеми штипски модни брендови на Shtip Fashion Days 2024 Три модни ревии на три штипски текстилни компании ја одбележаа втората вечер на ...
Keндал Џенер во впечатлив гол фустан, од кој ѝ „претекува“ кожа на грбот Фустанот, кој дава оптичка илузија на пренагласени колкови и голотија, потсетува...
Летни комбинации со фармерки: Како да ги носите дури и кога е многу жешко? (фото) Само затоа што надвор е над 30 степени, не мора да се откажете од омилените фарм...
Лила во светкав фустан, Агнеса со гол стомак - Што облекоа гостите на Светски ромски бал 2025? (фото... Свечени фустани за жените, необични костуми за мажите... Како се дотераа нашите ...
Животински принт е во мода: Кои Македонки го следат новиот пролетен тренд? Тамара Тодевска во фустан со животински принт во новиот спот, Аделина Тахири изб...
„Парите не можат да ти купат стил“ – Блејк Лајвли исмеана за панталоните со дупки кои чинат 19.000 д... „Сакате грди панталони или нов автомобил од салон?“ – прашуваат твитерџиите, отк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg