Збогум плускавци, непријатни мириси и уште 10 совети како да го извлечете максимумот од вашите чевли

Зошто непотребно да давате пари и трошите време барајќи чевлар кога и сами можете да решите некои проблеми во врска со обувките?

Zbogum-pluskavci-neprijatni-mirisi-i-uste-10-soveti-kako-da-go-izvlecete-maksimumot-od-vasite-cevli-01

Носењето на нови чевли не секогаш е така пријатно и многу често знаат да се појават плускавци по нозете заради кои ќе се запрашате дали вределе потрошените пари за нови чевли кога не можете да ги носите.

Но, не грижете се, ние ви нудиме 12 трикови како да решите некои од проблемите и со тоа да си го олесните носењето на омилените чевли:

- Гумениот ѓон најлесно ќе го исчистите со паста направена од сода бикарбона и вода. Нанесете мала количина на стара четка за заби и тријте додека не се исчисти.

- Раширете ги тесните обувки така што ќе облечете дебели чорапи  и со фен за коса ќе ги загреете проблематичните места. Истовремено „мрдајте“ со стапалата за да направите повеќе место и да ги раширите обувките. Повторете ја постапката ако е потребно.

- Ви се потроши кремата за чевли? На парче памук нанесете малку лосион за тело или регенератор за коса и истријте ги обувките. Ќе изгледаат уште посјајно и поубаво отколку кога се намачкани со крема за чевли.

- Спречете ја појавата на плускавци така што ќе нанесете дезодоранс во форма на стик на најгрубите места (обично на петата и под врвките).

- Отстранете ги трагите од лакираните чевли така што ќе ги исчистите со памук на кој сте нанеле малку ацетон. Откако ќе ја снема трагата, избришете ги со сува крпа и нанесете малку минерално масло за да го зголемите сјајот. За чистење на светло лакирани обувки ставете малку паста за заби директно на оштетеното место и почекајте неколку минути. После тоа, тријте ја пастата се додека трагата не исчезне, избришете со сува крпа и нанесете минерално масло.

- Ослободете се од непријатниот мирис така што во обувките ќе ставите искористена кесичка чај или сода бикарбона. Оставете ги преку ноќ. Ако е потребно повторете ја постапката и следниот ден.

- Трагите од сол на зимските обувки најлесно ќе ги отстраните ако ги исперете со блага мешавина од млака вода и течен сапун. После тоа во шишенце со распрскувач ставете иста количина вода и алкохолен оцет, добро измешајте и нанесете на трагите од сол. Исчистете со сува крпа. За крај нанесете крема за чевли или лосион за тело.

- Ако имате навика патиките да ги перете во машина за алишта, веројатно врвките многу брзо ќе се оштетат. Доколку се случи тоа, со селотејп залепете ги краевите и тие повторно ќе изгледаат уредно и што е уште поважно ќе бидат функционални.

- Ако сакате да ја зајакнете водоотпорноста на вашите кожни обувки, премачкајте ги со вазелин. Посебно внимание посветете им на рабовите.

- При патување, обувките задолжително ставете ги во кеса за да не се оштетат или да не ја извалкаат облеката.

Zbogum-pluskavci-neprijatni-mirisi-i-uste-10-soveti-kako-da-go-izvlecete-maksimumot-od-vasite-cevli-03

- Немојте да се нервирате ако омилените зимски чизми ве стегаат. Често се случува обувките совршено да одговараат на големината на стапалото, но да ве стегаат околу зглобовите и листовите. Постои решение и за овој проблем и истото не е воопшто сложено. Внатрешноста на чизмите натопете ја со алкохол кој ќе ја омекне кожата. Облечете дебели чорапи и движете се половина час (можете да ги извршите домашните обврски). Можеби ќе биде потребно да ја повторите постапката неколку пати, но сепак трудот ќе ви се исплати.

- Решете се од чкрипењето на обувките на овој начин: прво пронајдете ја причината заради која се појавува тој незгоден звук. Ако тој доаѓа од внатрешноста на вашите обувки, подигнете ги влошките и под нив ставете бебешка пудра, пченкарен скроб или прашок за печиво. Ако ви се чини дека звукот доаѓа од надворешниот дел, некој од наведените производи втријте го во рабовите.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Парчиња накит кои ќе бидат вистински хит во 2024-та (фото) Накитот има посебна магија - ќе ви го дополни изгледот, ќе ви ја развесели секој...
„Парите не можат да ти купат стил“ – Блејк Лајвли исмеана за панталоните со дупки кои чинат 19.000 д... „Сакате грди панталони или нов автомобил од салон?“ – прашуваат твитерџиите, отк...
Црвен џемпер: Kако да го комбинирате за време на празниците (и за секоја пригода)? На празничен шопинг, на забава со пријателите или за вечерно излегување - како д...
Не фрлајте пари за непрактична летна облека: Како да изберете подобра алтернатива? Премногу шарени парчиња, кроп-топ ако не сте во тинејџерските години... за која ...
9 идеи за педикир што ќе бидат хит за лето 2024 Црвените нокти се сметаат за застарени, а вистински хит се животинските принтови...
Како најдобро да ги комбинирате големите обетки, без да изгледате „кич“? Кога избирате ланче и големи обетки, обрнете внимание на деколтето и фризурата к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg