„Не сме ѝ купиле облека една година“ - 2-годишна мини блогерка го освојува модниот свет
Кога Хајли Берлингери направила Инстаграм за себе и својата 1-годишна ќерка Валентина, никогаш не планирала некој друг освен семејството да ги гледа објавените фотки.
Но, по само една година, тој профил е резервиран за малата Валентина која прераснала во модна блогерка и моментално го освојува модниот свет.
„Никогаш не помислив на вакво нешто. А, кога Валентина собра 1.000 следбеници, се сеќавам дека некој ме праша дали може да ни испрати детска облека, а за возврат Валентина да ја облече и да објавиме слика. Прво мислев дека е чудно, но ми објаснија како сето тоа функционира. Искрено, не ни знаев дека постои таква работа.“
Со бројка од 20.000 следбеници на Инстаграм, 2-годишната Валентина веќе станала заштитно лице на детски бренд.
„Сега дневно добиваме по 7 пакети облека во просек, од луѓе кои со нетрпение чекаат Валентина да ги облече. Во еден момент ни беа понудени 400 долари за само една фотка,“ раскажува мајката на малечката блогерка.
Д. М. | Црнобело