Плус сајз девојка која ниту една модна агенција не ја сакала, сега сама го менува модниот свет

Габи Грег е уште попозната како GabiFresh, девојката која сама оди против сите. Кога решила дека нејзините облини и вишок килограми се вредни за светот да ги види, била одбиена од повеќе модни агенции.

plus-size-devojka-koja-nitu-edno-modna-agencija-ne-ja-sakala-sega-sama-go-menuva-modniot-svet-001.jpg

Тогаш решила дека е време да стане блогерка. Од 2008-ма година Грег го уредува својот сајт, каде всушност открива дека немала никаква понуда од ниту една модна агенција.

Работејќи самостојно, благодарение на упорноста, сега девојката има сопствени линии костими за капење „ GabiFresh for Swim Sexy.“

Повеќепати досега Грег бикините ги нарекува феткини, започнувајќи моден предизвик за жените со различни големини на тела.

Во модната историја на успеси Грег ги вбројува и наградите за најдобра блогерка со облини, појавувањето во SwimsuitsForAll рамо до рамо со Робин Лоувли, како и нејзините колекции на костими за капење кои од 2013-та се распродаваат со огромна брзина.

Д. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нова впечатлива колекција HEARTBEATS'24 на ZANOV HEARTBEATS '24 е колекција која го негува феноменот наречен љубов, вклучувајќи г...
Летна инспирација: Уличната мода во Скопје, низ папарацо фотки на Инстаграм Лежерни и тренди аутфити од Инстаграм профилот „Скопјани во Скопје“ кои ќе ве ин...
8 модни трендови кои изгледаат убаво и во реалноста (не само на Инстаграм) Маичка со впечатлив принт за лежерни комбинации и металик боја за вечерни излегу...
6 парчиња накит кои се тренд оваа есен 2024 Ако отсекогаш сте обожавале персонализирани ланчиња со иницијали или и...
Сопругата на Тарик Филиповиќ е стилска дама каде и да се појави – од пустина до црвен тепих Пред речиси 30 години ѝ ја одземаа титулата Мис Хрватска, но и без неа, таа прав...
Тренди накит кој ќе му даде луксузна нота и на наједноставниот изглед Чокери, масивни алки, бисери во некласична форма - накитот кој го носите, иако к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg