Модерна, гламурозна и предизвикувачка Драма Брајдал колекција

(Скопје, 11.01.2016) - Модното студио Драма ја презентира својата прва колекција наменета за современи и урбани невести. Невестинската колекција се одликува со силно нагласена индивидуалност и автентичност, како и уникатна сензуалност типична за денот за кој што секој фустан е наменет.

moderna-glamurozna-i-predizvikuvacka-drama-brajdl-kolekcija-001.jpg

Целата драматичност на овој ден и на моментот се вткаени во овие креации.

„Изработката на невестинската колекција бара двојно поголема посветеност затоа што вистински и силни чувства треба да се пренесат. Секој еден фустан од оваа колекција во себе има внесено различна приказна и емоции, соодветно за различните девојки кои на овој ден се сочуваат со својата најинтимна и најискрена страна. Невестинскиот фустан е симбол токму на овие длабоки емоции, затоа е толку време и уникатен за секоја невеста“, вели Ивана Кнез, дизајнер, моден креатор и сопственик на Драма Студио.

Изработени од различен опус на материјали, со рачна доработка, колекцијата е наменета за невести кои точно знаат што сакаат. Магијата на љубовта е во преден план, како и самиот момент за заљубување во фустанот кој ја означува посебната ноќ во животот на секоја невеста. Колекцијата содржи модели со различен сензибилитет, карактерно и стилски дефинирани со акцент на уникатност.

Колекцијата е дел од фрагментот Драма Брајдал кој започнува со работа од почетокот на 2016 година. Целата колекција создадена  во соработка со Александра Станојковска е преставена преку артистичка фотосесија на која се потпишуваа врвни имиња од модниот свет.

За изгледот на целиот концепт беа задолжени шминка Доковски кој што е воедно дел од Драма Студио, фризура Урбан Артист на Милена Цапов, а фотографиите ги изработи Мартин Саровски. Како модели се појавуваат Ивона Сталевска, олицетворение на женска убавина и Мила Доковска претставник на современа модерна генерација на жени.

Специјална благодарност до Сити Хол и Бата Македонија кои го подржаа овој проект.

Би можело да ве интересира:

Како стојат истите модни комбинации на слаба и на девојка со облини? (фото) Целта на пријателките Денис и Марија е да покажат дека некои комбинации изгледаа...
Микро чанти и уште 5 модни парчиња кои е тешко да се носат во секојдневието Џемпери со дупчиња - секогаш мора да размислите што да облечете оддолу и да ви б...
Леопардски принт е хит за лето 2024 – го обожаваат и Македонките (фото) Александра Шијакоска, Ангела Ѓоргиева, Аделина Тахири се само дел од познатите к...
Чанта изработена од воздух и стакло на ревија на Модната недела во Париз - Тежи само 33 грама Чантата е изработена од наноматеријали што НАСА ги користи во вселенските мисии,...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
9 ситни детали кои може да го уништат и најдобриот моден стајлинг Стегач за коса ставен на зглобот на раката, испукана јакна, тешки обетки... пора...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg