Зошто сакаме да се дотеруваме?
Нема ништо подобро од тоа да станете рано наутро и за го започнете денот во новата облека, ново руво. Не ви се чини како новиот изглед да ви го разбиструва умот?
Се сеќавам кога бев помлада, мајка ми секогаш не носеше мене и сестра ми на шопинг пред да започне школската година. Ќе ни дадеше можност да одбереме пет изгледи кои ќе ги носиме тоа полугодие.
Секогаш се возбудував од помислата да одберам нешто ново. Ќе комбиниравме панталони со ремен, со некој нов пар чевли...
Сега, работите не се толку околу комбинирањето колку што се околу чувството, задоволството на испробување нова облека. Моќта која ја чувствуваме додека повторно ги пробуваме дома. Среќата кога конечно го кинеме тагчето и ја фрламе сметката.
Го обожавате моментот кога новата облека ја допира вашата кожа.
Дотерувањето во основа прави да се чувствуваме добро, затоа што ни дава елан, сила, моќ. Како да сме подготвени сè да направиме.
Додека без на факултет, без разлика на тоа колку ми беше неуредна собата, секогаш сакав да изгледам добро. Можеби не посветував толку време на испитите, но моментот кога го подготвив и последниот, среќата која дојде со земањето на оценката како да беше поголема од фактот што изгледав добро и се чувствував добро.
Токму така, затоа што кога изгледаме добро и се чувствуваме подобро.
И тоа што ќе го облечете не мора да биде некаков скап бренд.
Не.
Напротив, изгледот не е предодреден од тоа.
Се работи за вашиот внатрешен стил. За желбата да се чувствувавте подобро .
Модата е на еден начин раскажување на приказна за себе, автобиографија наречете ја ако сакате.
Каква приказна одбирате да раскажете на светот?
Н. Г. | Црнобело