Тренд кој ќе ја одбележи оваа зима: Топли пелерини (фото)
Пелерината отсекогаш била поврзувана со префинет вкус, елеганција и мала доза на екстравагантност, а оваа зима очигледно ќе доминира меѓу модните следбенички.
Таинствена е и стилски необична, па затоа стана симбол на секоја жена која сака да изгледа поинаку од останатите.
Без оглед дали бирате црн модел со класични линии или некој краток модел со впечатливи копчиња, во следните студени денови токму тоа ќе биде парчето кое ќе го замени обичниот капут.
Може да ја носите со обични фармерки и топол џемпер или пак во нешто поелегантни варијанти со тесно здолниште со висок струк и бела кошула. Одлично одговара и со вечерните мини фустани.
Ако ви недостасува инспирација за комбинирање, оваа галерија ќе ви биде од помош: