10 работи заради кои изгледате несредено, а ги правите сосема несвесно
Сите знаеме дека поткинатите и истуткани парчиња облека изгледаат старо, износено и несредено, па затоа ги избегнуваме и фрламе на време.
Но, што е со оние ситници кои секојдневно ги правите несвесно, а заради кои изгледате несредено, како да не сте обрнале доволно внимание на изгледот?
Дел од нив веројатно ги имате на себе во моментов:
1. Носите ластичиња за коса на рака. Или соберете ја косата или ставете го ластичето во чанта, не изгледа доволно добро за да го носите како алка.
2. Носите две големи чанти наместо една, а уште полоша варијанта е платнениот модел. Секогаш одбирајте една, квалитетна и цврста чанта.
3. Косата ви е полупотфатена во пунџа - репче. Подобро направете обично репче.
4. Долната облека ви ѕирка.
5. Постојано си ја местите облеката. Најпаметно е додека сте дома да прошетате 5 минути и да видите колку ќе ви биде удобна.
6. Имате влакна од миленичиња по облеката. Ако имате миленик кој обожава да се гушка, набавете си соодветни четки за чистење на влакната.
7. Панталоните ви се влечат по земја. Ниту модерно, ниту практично, ниту чисто.
8. Маицата ви е извадена од панталоните. Или целосно извадете ја или вметнете ја во нив.
9. Чевлите ви се хаотично врзани. Колку и да брзате, потрошете некоја секунда плус затоа што несредените врвки го расипуваат целиот впечаток.
10. Ви се познаваат рабови од пеглање на кошулите. Ви се чини како ситница, а изгледа многу лошо на око.