По примерот на Амал Клуни: 7 правила со кои секоја жена може да изгледа подобро
Амал Клуни знае да се прилагоди на новите трендови, но и да изгледа женствено и гламурозно со секоја комбинација. Славната адвокатка за многу краток период се најде во центарот на вниманието со нејзиниот препознатлив стил кој се одликува со елеганција.
Еве како можете да го копирате нејзиниот препознатлив стил:
1. Црно-белата комбинација е секогаш добра идеја
Без разлика на тоа дали станува збор за деловни костими, лежерни изданија или гламурозни фустани, Амал добро знае дека со црно-белата комбинација не може да се погреши.
2. Силните бои треба гордо да ги носите
На оваа убавица одлично и прилегаат силните бои како што се жолтата и црвената, а можете и вие да ги испробате. Сепак, при изборот на фустани со овие нијанси не треба да се чувствувате неудобно.
3. Не треба да штедите на модни додатоци
Со добрата координацијата на модните додатоци испраќате порака дека сте професионални, а доволно е да започнете со торбите и чевлите.
4. Не треба да се плашите од трендовите
Амал ги следи модните трендови и ги прилагодува по своите желби. Здолништата со висок струк и кратките маички веќе неколку сезони се во тренд, а Амал добро знае дека оваа комбинација одлично и прилега на секоја висока жена.
5. Капут со став
Амал знае да ги привлече погледите и тогаш кога е целата „закопчана до врат“. Во гардероберот добро е да имате капут кој ќе ги мами погледите со својот дезен или боја.
6. Нијансирањето е клуч на елеганцијата
Наједноставен начин да бидете елегантни е да се одлучите за нијансирање на парчињата облека. Модното нијансирање можете да го комбинирате со додатоци кои се во неутрални бои.
7. Нагласете ја вашата индивидуалност
Секоја жена има адут кој може да го нагласи со одбирање на вистинските парчиња облека и додатоците. Така, Амал често добива комплименти за нејзината свиленкаста коса, па токму затоа таа секогаш ја носи пуштена. Своите нозе ги нагласува со високи потпетици и мини здолништа.