Оваа зима бидете шик и кул со Celio*
Зимската колекција на celio* ќе биде лежерна, но воедно и елегантна. Нијансите на сиво се присутни во сите клучни парчиња: мантили, палта, панталони, џемпери и истите се комбинирани со топлите бои како бургунди-црвена и светло-кафена боја.
Палтата со едно копче се едни од најважните модни парчиња за оваа сезона, кои одат совршено со пар шарени чино панталони. Исто така, авијатичарската јакна е неизбежно парче.
За поурбан, привлечен изглед, оделата треба да се комбинираат различно. Кошулите со двоен памучен навој го додаваат финалниот ефект кој го истакнува квалитетот. Волненото палто, кое е со поширок крој, ја нагласува важноста на висококвалитетните материјали, беспрекорната линија и внимателната изработка.
Дел од колекцијата е инспирирана и од трендот на пешачење и кампување: да се пропатува светот со ранец - моден аксесоар задолжителен за оваа сезона.
Земјените бои како окер, светло кафена, загасито портокалова и боја на рѓа го одредуваат темпото. Парката е истакнат производ во машката гардероба за удобна зима, како и џемперите со зимски мотиви поврзани со жакард и плетки во живопосни тонови.
Влијанието на тексас материјалот и индиго бојата се многу важни за оваа сезона. Тематските миксови на џинс и закрпени детали го комплетираат уличниот тренд на облекување.
Celio* и понатаму ја проширува понудата, користејќи ја растегливоста на тексасот како материјал во 3 неизбежни модели: џинс револуцијата која ја има во „џогинг“ фармерките, супер еластични и растегливи фармерки, како и „џегингс“ – хеланки налик тесни фармерки, со палета на бои од сина, сива и црна.