Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Совети за дневна шминка

soveti-za-dnevna-sminka-povekjeИако некои велат дека шминката на дневна база е штетна за кожата, сепак нема девојка која би се откажала од својата дневна рутина за шминкање.

 

soveti-za-dnevna-sminka

Денес постојат безброј производи и не секогаш марката е гаранција за квалитет. Ако ефтината пудра прави чуда на вашето лице, тогаш слободно користете ја.

Жените се зависни од дневнaтa шминка. Причина за тоа е што со неа се чувствуваат убаво, им ја зголемува самодовербата додека се соочуваат со работните предизвици, кога треба да се појават на кафе со пријателките или да одат во шопинг.

Најважното правило што треба да го имате на ум додека ја нанесувате дневната шминка е дека не смеете да претерувате. Шминката треба да биде лесна, да ги истакнува цртите, а сепак да влијае природно. Само така ќе добиете нежен и женствен изглед совршен за на дневна светлина.

1. Пудра.
Не користете тешка пудра. Камените и оние во прав оставете ги за навечер. За преку ден најдобро е да нанесувате лесна течна пудра. Но, внимавајте да не изберете премногу темна нијанса. Денес има супер замена и за пудрите. Станува збор за крем со УВ-заштитен фактор кој го изедначува тенот, дава природен сјај и подлоготрајна шминка.

2. Моливче.
Најчесто не се препорачува исцртување на очите преку ден, но ако не сте задоволни од формата на вашето око, не избегнувајте го. Сепак, линијата на капакот нека биде потенка и дискретна, а долу исцртајте го само крајот од окото. Покрај црното, употребувајте сиво или зелено моливче.

3. Сенки.
За преку ден се препорачуваат светли тонови. Користете пастелни бои, како на пример беж, сина, виолетова, кафена и темнозелена. Нанесете ја на целиот капак и задолжително одоздола. Ако, сепак, мислите дека тоа е премногу светло за вас, крајот на окото засенете го со потемна нијанса.

4. Маскара.
За дневната шминка пресудна улога игра маскарата. Дозволено ви е да нанесете големо количество. Колку поинтензивни трепки, толку подобро. Можете да поминете и без сенка. Истакнати трепки, малку руменило, сјај за усни и добивате совршен изглед.

5. Руменило.
Не смеете да ставате премногу од руменилото преку ден. Еден блед слој е доволно. За преку ден најмногу се препорачува розево или една нијанса потемно од природниот тен.

6. Сјај.
Сјајот е одличен пронајдок за дневна шминка. Се прифаќа безбоен, со боја на праска или розов.  Можете да поминете и само со „лабело", но дозволен е и поинтензивен кармин доколку очите се благо истакнати.

Би можело да ве интересира:

Адријана Лима се врати по 6 години, сестрите Хадид издоминираа на пистата: Спектакуларно шоу на Vict... Некогашниот најпопуларен ангел Адријана Лима (43) имаше спектакуларно „враќање д...
Сите модни изданија на Кејт Мидлтон на Вимблдон, откако се омажи за Вилијам (фото) По дилемата дали Кејт Мидлтон ќе присуствува на годинешниот Вимблдон поради борб...
Како да носите патики со секакви комбинации, без да изгледате смешно? Летните лелеави фустани комбинирајте ги со патки со поелегантен дизајн, додека с...
9 идеи за педикир што ќе бидат хит за лето 2024 Црвените нокти се сметаат за застарени, а вистински хит се животинските принтови...
Модата на посетителите на „Мажи на годината 2024“ - Која дама модно издоминира? Меѓу присутните се истакна Весна Бруно (60), стоматолог од Куманово, но и д...
Летната улична мода во Белград, преку папарацо фотки на српски Инстаграм профил Oд едноставни монохроматски стајлинзи зачинети со смели чанти до модели со впеча...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg