Модни трикови со кои секој маж изгледа повисоко

Ако не можете да се пофалите со добра висина, тоа не значи дека не можете да успеете да побегнете на генетиката, туку дека тоа можете да го направите со неколку едноставни модни трикови.

5-modni-trikovi-so-koi-sekoj-maz-izgleda-povisoko-01.jpg

Што можете да направите?


1. Носете една боја

Носењето на една боја, но во различни нијанси ќе креира илузија на висина. Темните бои се подобар избор, но избегнувајте ја црната боја, бидејќи така ќе изгледа како да сте уште пониски.

Ако комбинирате бои или тонови, држете се до потемните нијанси во долниот дел на телото и посветлите нијанси во горниот дел. На тој начин ќе го постигнете ефектот на издолжена фигура.

5-modni-trikovi-so-koi-sekoj-maz-izgleda-povisoko-1.jpg


2. Избегнувајте широки спуштени и плитки пантолони

Носењето на вакви панталони визуелно ве скратува и ве прави пониски. Носете пантолони кои не се плитки, туку ја достигнуваат природната висина на вашиот струк и на тој начин ќе го постигнете ефектот на издолжена фигура.

5-modni-trikovi-so-koi-sekoj-maz-izgleda-povisoko-2.jpg


3. Сакото е вашиот нов пријател

Добро скроеното сако ќе направи неколку добри работи за вашиот изглед: ќе ги направи поголеми вашите раменици, а и визуелно ќе ви додаде неколку сантиметри. Меѓутоа, гледајте постојано да го носите закопчано, бидејќи на тој начин ќе добиете послаб струк и поголеми гради, па и ќе изгледате витки.

5-modni-trikovi-so-koi-sekoj-maz-izgleda-povisoko-3.jpg


4. Немојте да носите кратки ракави

Кратките ракави ја кратат вашата фигура, па подобро е да се одлучите за кошула со долги ракави кои можете да ги завратите.

5-modni-trikovi-so-koi-sekoj-maz-izgleda-povisoko-4.jpg


5. Кошулата не треба да биде подолга од вашите колкови

Ако сте ниски и носите кошула, најдобро е да ја носите вовлечена во пантолоните, бидејќи така ќе изгледате повисоки.

5-modni-trikovi-so-koi-sekoj-maz-izgleda-povisoko-5.jpg

Би можело да ве интересира:

Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
Бои на облека кои најмногу одговараат на бринети: 5 победнички опции Бои кои ќе ја истакнат вашата природна убавина и боја на коса, а со кои ќе изгле...
6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...
Папучите на Hermes се вистински летeн хит – каде може да купите поевтини копии? Не мора да дадете 800 евра за да ги носите најмодерните папучи за ова лето... Ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg