Што ни нуди Манго за есен/зима 2015? (фото)

Како и секоја сезона, MANGO колекцијата истакнува различни трендови. Боемскиот стил е вклучен и во оваа есен. Овој макро-тренд се преосмислува неколку пати во последните сезони и повторно се одбележува со долгите макси фустани.

sto-ni-nudi-mango-za-esen-zima-2015-foto-001.jpg

Колекцијата нуди голем избор на пелерини, пончо и изобилство на текстури во дизајнот. Украсните реси доминираат како резултат на враќањето во времето на 70тите.

Тексас ѕвонраките, широките мантили и шифон кафтаните се предлог модни парчиња за пософистициран стил изработени од лесни материјали.

Трендовите инспирирани од уличната мода, содржат рок елементи, вклучувајќи го и стилот на младешкиот дух. Кратки фустани од тул, моторџиски јакни, крзнени палта, повеќето изработени од синтетички влакна, ја претставуваат непокорливата страна на зимската сезона.

Колекцијата исто така се одликува со војнички стил комбиниран со мажествени финеси. Овој тренд се рефлектира преку модните парчиња со многу копчиња, струкирани сакоа и широки мантили дизајнирани во маслинесто-зелена и морско-сина боја.

Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
Исти фустани кои им стојат сосема поинаку на моделите и славните дами (фото) Од Кајли Џенер и Ема Вотсон, до Жилиет Бинош и Пријанка Чопра - некои фустани од...
Познати дами во фустани кои одземаат здив кога ќе се свртат со грб Алесандра Амбросио, Хајди Клум, Ирина Шајк се само дел од дамите кои секогаш нè ...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...
10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg