10 знаци дека важите за секогаш добро облечена жена
Мора да признаеме дека кога се облекуваме, 50% од нас мисли што ќе каже околината, а останатите 50% зависат од тоа како се чувствуваме во моментот.
За да откриете дали сте на добар пат и оставате впечаток на секогаш тип-топ облечена жена, доволно е да се препознаете во овие 10 знаци.
1. Добивате комплименти барем два пати неделно за комбинацијата која сте ја облекле.
2. Никогаш не се чувствувате дека сте премногу или премалку дотерани за било која прилика.
3. Пријателите често ве прашуваат каде сте купиле некое парче облека, а по 2 дена го купуваат истото.
4. Во вашиот гардеробер 90% од облеката е вонвременска, како на пример мали црни фустани, фармерки, бели кошули, салонки...
5. Блиските често пати ве замолуваат да им помогнете со облеката, шминката и фризурата кога треба да одат на важни прослави.
6. Девојките и жените неретко ве застануваат на улица за да ве прашаат од каде ви е фустанот, здолништето, чевлите...
7. Дури и во оние денови кога мислите дека немате што да облечете, сфаќате дека изгледате како од модна писта.
8. Кога ќе се погледнете на фотографиите од пред неколку години, и понатаму сте задоволни со комбинацијата која сте ја направиле.
9. Блиските ретко ви купуваат гардероба затоа што сметаат дека сте тешки и со истенчен вкус.
10. Не мора да дадете цело богатство за да најдете добро парче облека. Знаете да го „ископате“ од брдо евтини маички, фустани и фармерки.