Работи кои ќе ви ги олеснат проблемите со високите потпетици
Високите потпетици се една од оние работи кои се омилени на сите девојки и кои се неминовен дел од нашиот живот, но тие често знаат да ни предизвикуваат неверојатни болки и проблеми. Некои од нив знаат на прв поглед да не излажат дека се удобни, но по првото носење само стапалата си знаат како им е...
Едноставно штиклите не може да бидат удобни како патики, но ние имаме решенија кои ќе ги ублажат проблемите:
1. Зацврстете ги третиот и четвртиот прст
Помеѓу овие два прста се наоѓа нервот кој ја предизвикува болката кога се движиме во штикли, па ако ги прицврстите овие два прста со фластер или салотејп болката ќе се намали.
2. Направете ги удобни штиклите
По дома носете ги со тенка волнена чорапа и притоа загревајте ја со фен.
3. Големи ви се штиклите?
Додадете влошка.
4. Планирајте колку долго ќе ги носите
Ако е тоа долга прошетка, тогаш земете ја во предвид и висината на штиклите. За секој случај понесете и ниски чевли.
5. Изгледајте природно кога одите во штикли
Одењето на штикли е поразлично од одењето на рамно. Затоа згазнете на штиклата, па потоа тежината префрлете ја на прстите.