Како изгледа жежок костим за капење со врвки на една „обична“ девојка?
Еден од најновите костими за капење е она едно делно парче костим за капење кое е целото направено од ленти или врвки и додека истото не е еден од најдобрите начини да добиете совршен летен тен, претставува главен тренд на оваа сезона меѓу познатите.
На оние со совршено извајани тела, одлично им прилега, а што е со нас „обичните“ девојки? Како изгледа овој костим за капење на секоја девојка?
25-годишната Дени Киркова се решила да го проба и да го покаже еден сончев ден на плажа во Брајтон.
„Се чувствувам многу подобро во овој костим за капење одошто во обичен бикини модел, бидејќи изгледа како да сум „препокриена“ и дека немам потреба од грижи околу тоа како изгледам“ – објаснува Киркова.
Единствениот проблем кој го имала околу овој модел е што морала малку да го скрати, бидејќи бил предолг за некој со нејзина висина (162cm).