Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Панталони според градбата

pantaloni-spored-gradbata-povekjeМодните експерти советуваат, кога одбирате панталони внимавајте на градбата на вашето тело, а посебно на вашите нозе. Секоја жена знае дека...

 

...идеален пар фармерки се задолжително парче обелка, но исто така знае дека истите многу тешко се наоѓаат.

Сепак сите ние имаме различна градба на телото, па не е ни чудо што сме во постојана потрага по нешто што идеално ќе ни одговара. Затоа еве неколку совети за тоа како полесно да ги најдете своите совршени панталони.

1. Долги нозе

На жените кои имаат долги нозе им прилега речиси се. Затоа ако и вие сте дел од оваа категорија, слободно искористете ја широчината на изборот кој ви се нуди. Импровизирајте, бидете креативни и подгответе се за низа комплименти.

2. Слаби нозе

Секогаш одбирајте панталони во светли нијанси или пак со крупни дезени, што визуелно ќе ги здебелат вашите слаби нозе. Она што треба да го избегнувате се тесните, припиени панталони во кои изгледате како да одите на стапчиња.

Наместо тоа можете да одберете панталони кои се тесни околу бутините, а потоа се шират надолу. Убаво ќе ви прилегаат и широки панталони набрани околу половината.

pantaloni-spored-gradbata-1

3. Тенка половина со широки колкови

За жените со ваква градба се препорачуваат панталони со широк ремен кои ќе ја истакнат половината и ќе ги засенат колковите. Иако можеби половината нема да ви изгледа толку тенка, но така колковите нема да бидат толку многу нападни. Друга опција ви се панталоните кои се носат на колкови, кои може да се комбинираат со изразено тесни маички.

4. Дебели бутини

Одберете широки панталони кои убаво ќе паѓаат надолу. Она што треба да го одбегнувате се тесни и растегливи панталони кои дополнително го нагласуваат она што вие сакате да го сокриете. Можете да искомбинирате и јакна преку колковите во иста боја со панталоните и чевли на висока потпетица кои дополнително ќе ја издолжат ногата.

pantaloni-spored-gradbata-2

5. Дебели нозе

За вас идеални се панталони со рамен крој кои не смеат да бидат премногу тесни, туку малку пошироки за да визуелано ја издолжат вашата фигура. Светлите маички, кошули и џемпри ќе го одвлечат вниманието од вашите нозете.

6. Кратки нозе

Она што никако не смеете да го правите е да ја нагласувате линијата меѓу горниот и долниот дел од телото. Затоа горниот дел од облеката треба да биде во иста нијанса со панталоните за да визуелно ве издолжи и го одвлече вниманието од нозете. Можете да комбинирате и подолги јакни и џемпери кои се спуштаат преку колковите.

Би можело да ве интересира:

7 едноставни совети од Скандинавките од кои можеме да научиме многу за модата Иако сосема различен од оној на Французинките или Италијанките, жените од Сканди...
Спортски и шик е новиот тренд кој девојките низ светот го обожаваат – како да го ископирате? (фото) Ако некогаш беа наменети само за вежбање, денес тренерките се дел од многу модни...
Впечатливи бои, тексас комбинации - 23 идеи како да бидете во тренд пред почетокот на пролетта Според стилистите, во март ќе доминираат впечатливи бои, комбинации од или со те...
Здолништа во кои ќе се заљубите летово (и нема да сакате да носите ништо друго) Бели здолништа, бохо стил, мини здолништа со украси - какви модели се ин ова лет...
10 ѕвезди на кои дизајнерските фустани им стојат подобро отколку на манекенките Кога Зендеја ќе облече дизајнерски фустан, тој на неа изгледа многу подобро отко...
8 модни додатоци со кои секогаш ќе бидете тренди (и вреди да ги платите повеќе) Црната чанта, елегантниот рачен часовник и минималистичкиот накит се модни додат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg